Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Соопштенија за Јавност

Клучен збор:
Дата:
19.05.2010   Посета на Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ
 На ден 19.05.2010 година, посета во Врховниот суд на Република Македонија оствари Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија Jose Luis Herrero.
17.05.2010   Посета на Оценска експертска мисија
            Врховниот суд на Република Македонија на 17.05.2010 година го посети Оценска експертска мисија во областа на правдата, слободата и безбедноста, во состав експертот Елизабета Роси, судија од Италија, претставник од Канцеларијата на делегацијата на Европската Комисија на Европската Унија и претставник од Министерството за правда. Цел на посетата беше оценка на состојбите со реформата на правосудството.
26.01.2010   Посета на експерт за имплементација на Проектот “ИПА 2007“
На ден 26.01.2010 година, посета во Врховниот суд на Република Македонија оствари експертот г-дин AlessandroSimoni, ангажиран во рамките на инпмлементација на Проектот „ИПА 2007“. При својата посета експертот беше придружуван од г-ѓата RalucaStefanuc, претставник на Делегацијата на Европската комисија на ЕУ во Република Македонија, Никола Прокопенко, помошник раководител на Секоторот правосудство во Министерството за правда и Тамара Витларова помлад соработник за техничка соработка на ИПА проектите – Одделение ИПА, во Министерството за правда. На состанокот   од Врховниот суд на Република Македонија присуствуваа Јово Вангеловски – Претседател на Врховниот суд, судиите Фатон Пачуку и Мирјана Радевска Стефкова и Лидија Таневска Јадровска, државен советник во Кабинетот на Претседателот. Целта на посетата беше да се изврши анализа на мерките кои се превземени во рамките на Стратегијата за реформа во правосудниот систем, со цел подршка за изградба на независен, ефикасен и функционален правосуден систем заснован на меѓународните и европските правни стандарди, како и за следење на реализацијата на клучните приоритети во претпристапниот процес со идентификација на конкретните резултати од превземените мерки и утврдување на понатамошните чекори за развој на правосудниот систем во Република Македонија.
 
17.12.2009   Студиска посета на Европскиот суд за човекови права во Стразбург
           
Во период од 14.12. - 16.12.2009 година, делегација на Врховниот суд на Република Македонија, предводена од Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, судијата Јово Вангеловски, а во состав: Владимир Атанасов, Мирјана Радевска Стефкова, Беса Адеми, Абдуљаќим Саљиу судии на Врховниот суд и Соња Груевска -генерален секретар, оствари студиска посета на Европскиот суд за човекови права во Стразбург. Делегацијата оствари средба со Jean-Paul Costa, Претседател на Европскиот суд за човекови права. При посетата делегацијата размени искуства околу постапката за судење во разумен рок со судиите Мирјана Лазарова Трајковска, Судија при Европскиот суд за човекови права од Македонија, со Dragoljub Popović, Судија од Србија, со Sir Nicolas Bratza, Судија од Обединетото Кралство и со Françoise Tulkens, Судија од Белгија. Исто така, делегацијата оствари средби со преставници од Европскиот Комитет за превенција од тортура (КПТ), од Одделот за извршување пресуди при Судот, со преставници од Директоратот за човекови права и правни работи, од Одделението за правичен надомест, потоа Одделението за информации за случаи и публикации, Одделот за уставна правда, како и преставник од  Секретаријатот за зголемен договор за демократија преку правото “Венецијанска Комисија”.
12.11.2009   Посета на делегација од Република Словачка
На ден 12.11.2009 година, посета во Врховниот суд на Република Македонија оствари делегација на Република Словачка во состав: г-ѓа Виера Петрикова, заменик Премиер и Министер за правда на Република Словачка и г-дин Стефан Харабин, Претседател на Врховниот суд на Република Словачка, со цел продлабочување на судската соработка и размена на искуства во спроведување на новите законски решенија на кривичната постапка.
02.11.2009   Посета на судија од Хашкиот трибунал
На ден 02.11.2009 година, по препорака на Генералниот секретар на организацијата на Обединетите Нации посета во Врховниот суд на Република Македонија оствари судијата на Хашкиот Трибунал Catherine Marchi-Uhel, со цел испитување на можностите за воспоставување на информативен центар во регионот во државите од поранешна Југославија за поширок и полесен пристап до поважните записи од водените постапки пред Хашкиот Трибунал.
31.05.2006   Јас како сведок
Јас како сведок

1. Сведок
2. Кој може да биде сведок?
3. Зошто би сведочел?
4. Што ако не се појавам во судот да сведочам?
5. Може ли да одбијам да сведочам?
6. Може ли да бидам ослободен од обврската за сведочење?
7. Покана за сведочење
8. Сослушување на сведок
9. Каде можам да сведочам?
10. Заклетва
11. Право на надоместок за извршената обврска за сведочење?
12. Дали сум доволно заштитен како судски сведок?
13. Десет совети што би Ви помогнале при сведочење
14. Целисходност на сведочењето

1. Сведок

Сведок е лице кое во постапката пред судот дава известување за фактите што се докажуваат. Како сведок се повикува лице за кое е веројатно дека може да даде известување врз основа на неговите поранешни забележувања до кои дошол преку своите сетила или перцепции.

2. Кој може да биде сведок?

Секое лице способно да даде известување за фактите што се докажуваат може да биде сведок.

Веродостојноста на известувањата зависи од способноста на лицето да забележува, да памети, да репродуцира, како и од неговиот став спрема предметот на спорот или странката.

Сведок може да биде секое лице освен странката и нејзиниот законски застапник(ци).

Судот одлучува дали ќе сведочат лицата со ментален хендикеп или физички болести.

3. Зошто би сведочел?

Постои општа, граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат.

Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и
да сведочи.

Сведокот му помага на судот да дојде до вистината.

4. Што ако не се појавам во судот да сведочам?

Ако уредно повиканиот сведок не дојде и не го оправда својот изостанок, или неоправдано се оддалечи од местото каде треба да биде сослушан, може да биде присилно приведен, да ги плати трошоците за приведувањето, и може да му биде изречена парична казна.

5. Може ли да одбијам да сведочам?

Не може да се сослуша како сведок лице кое со својот исказ би ја повредило должноста да чува службена или воена тајна, доколку надлежниот орган не го ослободи од таа должност.

Сведокот може да одбие да сведочи за она што странката како на свој полномошник му го доверила, како и за она што странката како на свој верски исповедник му се исповедала. Исто така, сведокот може да одбие да сведочи и за факти што сведокот ги дознал како адвокат, лекар, или во вршење некоја друга дејност, ако постои обврска како тајна да се чува се она што се дознало во вршењето на таа професија, освен ако обвинетиот тоа не го побара.

Сведокот може да одбие да даде одговор на одредени прашања, доколку со тоа би се изложил на тежок срам, значителна имотна штета или на кривично гонење себеси или своите најблиски. Судот е должен да ги предупреди наведените лица дека не мораат да сведочат, штом ќе дознае за нивниот однос спрема обвинетиот или странката.

Доколку сведокот одбие да сведочи или одбие да даде одговор на прашање, а судот најде дека за тоа нема оправдани причини, на сведокот може да му изрече парична казна. Доколку сведокот и потоа одбие да сведочи може му се изрече казна затвор.

6. Може ли да бидам ослободен од обврската за сведочење?


Ослободени од должност да сведочат се: брачниот или вонбрачниот другар на обвинетиот, блиските роднини, посвоеник и посвоител на обвинетиот, верскиот исповедник за она што му го исповедал обвинетиот или друго лице.

Не може да се сослуша како сведок она малолетно лице кое со оглед на возраста и душевната развиеност, не е способно да го сфати значењето на правото дека не мора да сведочи.

Судот што ја води постапката е должен да ги предупреди лицата споменати погоре дека не мораат да сведочат штом дознае за нивниот однос спрема обвинетиот.

Судска одлука не може да се заснова на сведочење доколку како сведок:

Е сослушано лице кое не може да се сослуша како сведок или лице кое не мора да сведочи, а за тоа не е предупредено или изрично не се откажало од тоа право;

Предупредувањето и откажувањето не е забележано во записникот;

Е сослушан малолетник кој не може да го сфати значењето на правото дека не мора да сведочи, или

Исказот на сведокот е изнуден со сила, со закана или со друго слично забрането средство.

7. Покана за сведочење

Повикување на сведокот се врши со писмена покана во која ќе се наведе името и презиметои занимањето на повиканиот, времето и местото на доаѓање, судскиот предмет по кој се повикува, со назначување дека се повикува како сведок и предупредување за последиците од недоаѓање.

Повикување како сведок на малолетно лице кое не наполнило 16 годинис се врши преку неговите родители, односно преку законскиот застапник, освен ако тоа не е можно поради потребата да се постапува итно или поради други околности.

8. Сослушување на сведок

Секој сведок се сослушува одделнои без присаство на други сведоци.

Секој сведок е должен:
Одговорите да ги даде усно
Да ја зборува вистината
Ништо да не прмолчи
Да одговори на општите прашања
Да го изнесе сето она што му е познато за фактите за кои треба да сведочи и од каде тоа му е познато
Да одговори на поставените дополнителни прашања заради проверка, дополнение или разјаснување на дадената изјава

При сослушување на сведок, не е дозволено служење со измама, упатување на прашања кои веќе го содржат или упатуваат на одговорот.

Сведоците можат да се соочат ако нивните искази не се сложуваат.

Сведокот што не го знае јазикот на кој се води постапката, или пак е нем или глув, ќе се сослуша преку толкувач. Ако сведокот е глув, ќе му се поставуваат прашања писмено, а ако е нем ќе се повика да дговара писмено.

9. Каде можам да сведочам?

Судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава.

Сведоците кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата, ке се сослушаат во својот стан, односно во местото каде што се наоѓаат (болница).

10. Заклетва

Судот може да побара сведокот да се заколне дека исказот што го дал е вистинит. Заклетвата се полага усно со следниве зборови:

"Се заколнувам во честа за се што мепрашуваше судот ја зборував вистината идека ништо што знаев за оваа работа не премолчив".

Глувонемите сведоци се потпишуваат односно се заколнуваат преку толкувач.

Повторно сослушан сведок, не полага заклетва.

Малолетни лица не подлежат на заклетва.

11. Право на надоместок за извршената обврска за сведочење?

Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право.

За надоместокот поради денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.

12. Дали сум доволно заштитен како судски сведок?

Сведокот како и сите странки и вработени во судската зграда уживаат подеднаква безбедност во судот.

Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната постапка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци.

Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритет на сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот.

Програмата за заштита на сведоци подразбира:

Чување во тајност на идентитетот на сведокот,

Обезбедување на лична заштита,

Промена на местото на живеење, односно престојувалиште,

Вработување и промена на идентитетот на сведокот со издавање на нови идентификациони исправи.

13. Десет совети што би Ви помогнале при сведочењето

Сведочењето во секојдневниот живот е сосема поинакво од сведочењето во судот. Во судот надвладува и стравот бидејќи вашиот исказ подлежи на испитување од судиите, адвокатите, поротата и други службени лица.

Така при сведочењето најдобро е да се придржувате до следниве препораки:

Зборувајте ја вистината

Слушајте го внимателно прашањето, и сослушајте го целото прашање пред да одговорите

Одговорете само на прашањето што Ви го поставуваат

Имате доволно време, размислете пред да одговорите на секое од прашањата

Ако не го знаете, не претпоставувајте го одговорот и кажете дека не го знаете

Побарајте појаснување доколку не го разбирате прашањето

Соработувајте, но не бидете присилен на неточен одговор

Не се расправајте со оној кој го поставува прашањето и не покажувајте гнев и незадоволство

Бидете доследни при сведочењето

Потрудете се да бидете релаксирани додека сведочите

14. Целисходноста на сведочењето

Сведокот е соработник на правдата.

Сведокот како лице што соработува со правосудните органи, е од особено значење во процесот на давање информации за лица, криминални групи, или организации кои се сторители на кривични дела.

Целта на овој текст е да Ви обезбеди општи информации за оваа правна тема.

Доколку имате некој посебен правен проблем, би Ви препорачале да се консултирате со адвокат.
31.05.2006   Како можат да ви помогнат вработените во судот
Како можат да ви помогнат вработените во судот

1. Кој се спаѓа во категоријата на судска администрација?
2. Препознатливост на судскиот службеник
3. Каде и кога можете да и се обратите на судската администрација?
4. Каде да се обратите за некои конкретни барања.
5. Законитост, отсуство на дискриминација, непристрасност, и независност
6. Услужност и разумен рок за одговор на барањата

1.Кој се спаѓа во категоријата на судска администрација?

Во категоријата судска администрација спаѓаат вработените во судот кои вршат адми-нистративни работи (секретарот на судот, стручните соработници, раководителите на одделенија, записничари, книговодители, благајник, технички секретар, координатор за прием и експедиција на пошта, судски доставувач, возач, хигиеничар и други). Според законот за државни службеници нивните работни места се квалификуваат како: самостоен референт, виш референт, референт и помлад референт.

Во категоријата судска администрација не спаѓаат судиите и судската полиција.

2. Препознатливост на судскиот службеник

Судскиот службеник мора да е препознатлив. Него ќе го препознаете по тоа што во текот на работното време во судот носи ознака со личното име и работното место кое го има. Ознаката обично стои на предниот горен дел од телото и е во функција на официјалноста, авторитетот и препознатливоста на судскиот службеник.

Судскиот службеник во текот на работното време не смее да носи ниту да истакнува партиски симболи, беџови и слично.


3.Каде и кога можете да се обратите на судската администрација?


Работа со странки

Можете да се обратите на судската администрација во текот на целото работно време во судската зграда, односно судската писарница.

Во судската писарница постојат кривичен и граѓански оддел.

Во кривичниот оддел се формираат отсеци и тоа: кривичен, истражен, малолетнички, прекршочен и други отсеци во зависност од надлежноста која ја има судот.

Во граѓанскиот оддел се формираат отсеци и тоа: граѓански, стопански, за работни односи, вонпроцесен, наследување, извршен и др. Овие оддели во судот посебно се означени со цел полесно да се снајдете и да дојдете до потребните информации.

Времето за примање на странки не може да биде покусо од пет часа дневно и се објавува на влезот од работната просторија во која се примаат странките.

Судските совети и судијата поединец не примаат странки, освен кога странките се повикани.

На странките и други лица на кои, поради оддалеченост или од други оправдани причини им е отежнато повторно доаѓање во судот, се примаат и вон времето определено за прием на странки.

4.Каде да се обратите за некои конкретни барања?

Прием на писмена

Како поднесок во судот се смета секое дејствие кое ке го преземете во писмена форма надвор од судските расправи, со кои се даваат одредени изјави, предлози или соопштенија. Примањето на писмена (поднесоци, списи, парични писма,и други пратки) се врши на точно определено место во судската писарница. При поднесувањето на писмената во судот треба да се внимава поднесокот да содржи се што е потребно за да може судот непречено да работи. Сите поднесоци до судот мора да бидат разбирливи.

Поднесокот треба да ги има следниве елементи: името на судот до кој е упатен, Вашите лични податоци (име, презиме, занимање и жиеалиште), законските застапници и полномошници доколку ги имате, содржина и предмет на изјавата и своерачен потпис.

Во случај да има формални недостатоци, судскиот работник може да Ви укаже на нивно отстранување како на пр. да нема потпис, да ги нема прилозите кои се наведени во текстот, да не е означена адресата и друго. Во случај кога Вашиот поднесок подлежи на плаќање такса, а не сте ослободени од неа ниту пак сте приложиле потврда за нејзино плаќање,
работникот овластен за прием ќе Ви укаже во определен рок да ја платите. И покрај укажаните недостатоци, работникот ќе го прими писменото, а укажувањето ќе го забележи во списот.

Писмената се примаат и по пошта. Обичната пошта примена во затворен плик ја прима и отвара работникот кој е овластен во судската писарница за прием. Доколку е назначена како доверлива, строго доверлива или ако е упатена до претседателот на судот, поштенската пратка ја отвара претседателот на судот.

Во судот се примаат писмена во текот на целото работно време на определено место во судската писарница кај определениот работник за прием на писмена.

Вон работното време како и во деновите кога судот не работи, се примаат само телеграми, телефаксови и други писмена од итна природа.

Приемот на писмената се потврдува со ставање на приемен штембил и датум на копијата од писменото во повеќе прилози од кои еден мора да задржите како доказ дека сте поднеле писмено во судот.

Припадниците на етничките заедници во Македонија покрај македонскиот јазик и кирилското писмо во комуникацијата со судот под услови определени со закон можат да го користат и својот јазик. Во постапката писмената се преведуваат на македонски јазик и кирилското писмо веднаш по нивниот прием.

Барање на информации

Сите потребни информации се добиваат во одделенијата на кои се однесува конкретното барање. За да ја олесните работата на судската администрација, а и за да ја добиете точната информација, треба да имате основни податоци за она што го барате (број на предмет, основ, странки).

Во судската писарница се водат уписници и помошни книги, одделно според видот на предметите. Од уписниците може во секое време да се утврди каде, и во кој стадиум на постапката се наоѓа предметот. Информациите можат да се даваат и по телефон и писмено на трошок на оној кој ги бара. Информациите за состојбата на предметите можат да се даваат само на лица овластени да вршат увид во предметот.

Објаснувања за правилноста на судските дејствија, одлуките, како и за исходот на спорот не се дозволени.

Потврди, уверенија и изводи од јавни книги

По барање на граѓаните и на трети лица кои имаат правен интерес, во судот се издаваат потврди, уверенија за одделни факти содржани во списите или за кои се води службена евиденција, како и изводи од јавните книги. За да бидат издадени вакви писмена од судот, претседателот на судот или судијата кој постапува по предметот треба да оцени дека барањето е оправдано. Издавањето на потврдите и уверенијата го врши судската писарница.

Разгледување и препишување на писмена

По поднесено барање и одобрение од судската писарница можат да се разгледуваат и препишуваат изворници (пресуда, решение, наредба), спогодба, уверение, потврда или други судски исправи потпишани од судија, претседател на совет и овластен работник за вршење на овие работи.

За одлуките кои често се повторуваат може да се изготви и скратен препис. Преписи и фотокопии се изготвуваат во судската писарница, а овластениот работник ги потврдува со забелешката:

Точноста на преписот односно фотокопијата ја потврдува ____________.

За препишувањето на писмената во судот се наплаќаат судски такси според Законот за судски такси.

5. Законитост, отсуство на дискриминација, непристрасност и независност.


Основен интерес на секоја држава е законито, навремено и ефикасно вршење на функцијата која ја имаат судовите во неа, како и непречено, во разумен рок и економично остварување на правата и обврските на странките.

Судскиот службеник е должен да се однесува согласно законот и да ги применува правилата и постапките предвидени во законите. Судскиот службеник особено се грижи одлуките кои се однесуваат на индивидуални права и интереси да се засноваат на правото, а нивната содржина да биде во согласност на законот. Судскиот службеник мора да обезбедува еднаков третман на граѓаните и правните лица при вршењето на службените должности.

Судскиот службеник посебно ќе внимава да не постои никаква дискриминација на странките врз основа на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, полити-чкото и верското уверување, или имотната и општествената положба.

Судскиот службеник ќе Ве услужи непристрасно и независно без било какво посредување и повластен третман по било каков основ.

6. Услужност и разумен рок за одговор на барањата

Судскиот службеник ги извршува своите должности професионално. Ова значи дека тој треба да биде услужлив, коректен, лубезен и пристапен во односите со граѓаните. При одговарањето на поставените прашања треба да биде што е можно, поуслужлив и да одговори точно.

Доколку поставените прашање не се однесуваат на неговите работни задачи, тој мора да го упати граѓанинот до соодветниот службеник. Доколку службеникот направи грешка при своето работење, треба да се извини за стореното, да помогне грешката да се отстрани и да го извести граѓанинот за правото на жалба.

Доколку постои било какво отстапување од правата и должностите на судските службеници или прекршување на етичките правила, секоја странка има право да поднесе жалба или претставка за непримерното однесување на секој службеник кој работи во судската администрација.

Жалбата или претставката се поднесува до раководителот на судската писарница, секретарот на судот или до претседателот на судот.

Навременото одговарање на барањата од граѓаните во разумен рок, како и навременото одлучување по нивните барања е од особено значење за ефикасно работење на судската администрација.

Целта на овој текст е да Ви обезбеди општи информации за оваа правна тема.

Доколку имате некој посебен правен проблем, би Ви препорачале да се консултирате со адвокат.
31.05.2006   Како до моето наследство
Како до моето наследство

1. Основни поими
2. Кои се наследници
3. Наследни правана брачниот другар
4. Кои се нужнинаследници?
5. Тестамент
6. Располагање со оставина за време на живот:
Договор за отстапувањеи располагање со имот за време на живот
Договор за доживотнаиздршка
Договор за дар

7. Здобивање со оставина иоткажување од наследство
8. Дополнително пронајденимот


1. Основни поими


Наследувањето претставува пренос на имототна едно лице (во случај на негова смрт) врз другилица (негови наследници).

Оставина е имотот кој по смртта на едно лице се пренесува на неговите наследници.

Оставител е лицето чија што оставина сепренесува на неговите наследници.

Правото на наследување настанува во моментотна смртта на оставителот.

Наследувањето може да се оствари врз основана закон и врз основа на тестамент.


2.Кои сенаследници

Како наследници на оставителот можат да сејават:

сите негови потомци

неговите посвоеници и нивните потомци

неговиот брачен другар

неговите посвоители

неговите родители

неговите браќа и сестри и нивнитепотомци и

неговите дедовци и баби и нивните потомци.

Сите овие лица не можат истовремено да сејават како наследници, туку истите ќе бидатповикани по еден определен ред (таканаречен законски ред на наследување), чија применадоаѓа секогаш кога оставителот лично сам ненаправил распоред на својот имот по неговата
смрт.

I. Прв наследен ред:

Потомци
Брачен другар.

Овие наследници ја наследуваат оставината наеднакви делови. Во оваа смисла оставината седели на онолку наследни делови колку што имаат ќерки и синови оставителот, додавајќиуште еден дел за надживеаниот брачен другар.

Симболите во наследното право означуваат:

м машки лица кои го надживеалеоставителот
ж женски лица кои го надживеалеоставителот
у лица кои се умрени пред оставителот
о оставител

Пример:
Ако по смртта на оставителот останале два синаи една ќерка, заедно со брачниот другар наоставителот, оставината ќе се подели на четири еднакви дела т.е. секој од нив ќе добие по една четвртина од оставината.
Види шема бр. 1.

Додека пак делот од оставината што би му припаднал на умреното дете на оставителот, (попат на т.н.правото на претставување) го наследуваат неговите деца, внуците на оставителот, делејќи го меѓу себе на еднаквиделови, и така редум додека има потомци одоставителот.

Види шема бр.2.

II. Втор наследен ред

Родителите на оставителот со неговитепотомци и

Неговиот брачен другар.

Доколку умрениот не оставил потомци, тогашоставината ја наследуваат неговите родителии неговиот брачен другар. Родителите на умрениот наследуваат една половина одоставината поделена на еднакви делови, автората половина ја наследува брачниот другар на умрениот.

Види шема бр. 3.

Ако обата родители на оставителот умреле пред оставителот, а не оставил ниту еден потомок,целата оставина ја наследува надживеаниот
брачен другар на оставителот.

Ако по умрениот не останал брачен другар, родителите на умрениот ја наследуваат целатаоставина на еднакви делови.

Браќата и сестрите на оставителот, како и нивните потомци стануваат наследници одвториот наследен ред, само на местото на едниот или на двата родитела на оставителот, според правилата што важат за случај когаумрениот го наследуваат неговите деца и другите потомци.

III. Трет наследен ред

Бабите и дедовците на оставителот сонивните потомци.

Најпрвин оставината во овој ред се дели на дваеднакви дела од кои едниот го наследуваатдедото и бабата на оставителот по татко, а
другиот дедото и бабата на оставителот помајка.

Понатаму дедото и бабата по татко, како идедото и бабата по мајка на оставителот, годелат својот наследен дел меѓу себе на еднакви делови, добивајќи секој по една четвртина одоставината. Доколку пак дедото или бабата одтатковата лоза или од мајчината лоза умреле пред оставителот, тогаш нивниот дел одоставината го наследуваат нивните деца,нивните внуци и нивни потомци, ако го надживеале оставителот.

Види шема бр.4

3.Наследни права на брачниот другар


А. Губење на наследните права на брачниотдругар.

Правото на наследување меѓу брачните другарипрестанува со развод и со поништување набракот.

Брачниот другар нема право на наследство ако:

Оставителот поднел тужба за развод набракот, а по неговата смрт се утврдидека таа тужба била основана, или пак брачниот другар и оставителот поднелеспогодбен предлог за развод на бракот а до смртта наоставителот постапката по тој предлог не е завршена;

Неговиот брак со оставителот билпоништен по смртта на оставителот,од причини за кои надживеаниот брачен другар знаел вовремето на склучување набракот; и

Неговата заедница на живот сооставителот трајно престанала понегова вина или во спогодба наоставителот.


Б. Право на зголемување на наследниотдел.

Доколку брачниот другар кој нема средства заживот е повикан на наследство со наследницитеод вториот наследен ред - родителите на оставителот и нивните потомци, судот може да одлучи да таквиот брачен другар наследи и едендел од оставината кој според законот треба даго наследат другите наследници. Судот можеда одлучи брачниот другар да ја наследи целатаоставина ако таа има толку мала вредност и сонејзина делба брачниот другар би западнал во оскудност.

Лица кои живееле во трајна заедница (заедница која траела најмалку 5 години и тоа непрекинато се до смртта на оставителот) имаат право на наследување, согласно Законот занаследување.

4.Кои сенужни наследници


Нужни наследници се:

децата на оставителот

неговите посвоеници и

неговиот брачен другар.

Нужните наследници имаат право на дел од
оставината што се вика нужен дел.

Нужниот дел на потомците, посвоениците и набрачниот другар изнесува една половина, анужниот дел на другите наследници една третина од оној дел што како законски би имприпаднал.

5. Тестамент


Тестаментот е правен акт, направен од страна на завештателот, со кој тој вршираспределба на својот имот за случај на смрт.

Завештател е лицето кое во својот тестамент слободно без закана ја изјавува својата волја.

Наследник е лице кое го определилзавештателот да го наследи целиот негов имотили дел од имотот.

А. Форми на тестамент

Тестаментот може да биде:
Своерачен
Судски
Меѓународен
Устен тестамент

Тестаментот најчесто се составува во писменаформа, при што завештателот соверачно гопотпишува.

Б. Содржина на тестаментот

Завештателот со тестаментот може даопредели еден или повеќе наследници, даостави еден или повеќе легати, да нареди некој предмет или право или дел од оставината илицелата оставина да се употреби за постигањена некоја дозволена цел, како и да го оптовари со некоја должност лицето на кое му оставанекоја корист од оставината.

В. Судски тестамент

Тестамент на завештателот, по неговокажување може да состави судија на основенсуд, кој претходно ќе го утврди идентитетот на завештателот. Откако завештателот ќе гопрочита и потпише ваквиот тестамент, судијата на самиот тестамент ќе потврди дека завештателот во негово присуство го прочитали го потпишал.

Во случај завештателот да не е во состојба да го прочита тестаментот што му го составилсудијата, истиот ќе му го прочита на завештателот во присуство на двајца сведоци.

Како сведоци можат да се јават полнолетнилица на кои не им е дземена деловнатаспособност, кои знаат да читаат и пишуваат, и кои го разбираат јазикот на кој е напишантестаментот.

Ништовен е тестаментот ако завештателот билнатеран со закана или присилба да го состави.

Г. Прогласување на тестаментот

Тестаментот што го оставил умрениот му седоставува на судот за прогласување. Судот накого му е предаден тестаментот, кога ќе утврди дека неговиот составувач е умрен, должен е да го отвори тестаментот без да го повредипечатот, да го прочита и за тоа да состави записник. Со тоа тестаментот е прогласен.

Д. Легат

Завештателот може со тестаментот, покрајдругото, да му наложи на наследникот, од онашто му е оставено, да му даде некој предмет или да му исплати сума пари на определенолице. Ваквото завештание на оставителот сенарекува легат, а лицето за кое е наменето легатар.

Правото да бара да му се изврши легатот,легатарот го стекнува со моментот на смрттана завештателот.

Примерок на:
ТЕСТАМЕНТ

Јас, долупотпишаниот_____________како човек во поодминати години, додека сум при чистасвест и здрав разум сакам да направам распределба на својот имот во случај на смрт, па заради тоа ________200_ година, госоставувам овој тестамент. Во својот живот сум
се женел два пати, и од првата сега покојнажена по име ___________ имам две деца и тоа 1.___________и 2.___________, а од сегашната жена имав едно дете по име______________, сега покојно, од кое имам внук по име ____________. Со желба после мојата смрт да нема расправијаза мојот имот, определувам да биде наследен на следниов начин:

1. На својата жена и го оставам следното: ............................ (да се опишат недвижностите и подвижнитепредмети),

2. На своето дете________од првиот брак, му го оставам следното....(да се опише што се остава),

3. На своето дете___________од првиот брак муго оставам следното...( да се опише што се остава)

4. На мојот внук_________од сега покојното ми дете, му го оставам следното.....( да се опишешто се остава)

На двете свои деца од првиот брак, на кои им го оставам во наследство и станот наул.________бр.___ во _______, им наложувам на мојот внук по име_____________кој е син намојата покојна сестра_____________, да муплаќаат месечно определен износ во висина од киријата што може да биде од издавањето натој стан под наем додека тој студира, а најдоцна додека не наврши 26 години возраст.

Ова е мојата последна волја и сакам да се изврши така како што е определено во овојтестамент.

Забелешка: Ако тестаментот е напишан своерачно на крајот да се додаде и следното:

Овој тестамент го напишав и потпишавсвоерачно. (Во тој случај не е потребно потписотна завештателот да го заверат двајца сведоци).

ЗАВЕШТАТЕЛ,______________

Ние, двајца сведоци, со својот потпис потврдуваме дека лицето________ ја потпишагорната исправа во наше присуство, изјавувајќи при тоа дека тоа е негов тестамент.


6.Располагање сооставината за време живот

А. Договор за отстапување ираспределба на имотот за време наживотот
Предокот може со договор уште за време наживотот да им го отстапи и раздели својот имотна своите деца и на своите потомци. Ова отстапување и распределба на имотот се полноважни само ако со тоа се согласиле ситедеца и другите потомци на отстапителот, кои според законот ќе бидат повикани да јанаследат неговата оставина.

Отстапениот имот не влегува во оставината. Имено, доколку предокот (кој уште за време наживотот извршил отстапување и распределба
на својот имот) умре, неговата оставина ќе ја сочинуаат само оние нешта што не билеопфатени со отстапувањето и со распределбата,
како и добрата со кои дополнително се здобил. Ако брачниот другар не биде опфатен со овојдоговор, неговото право на нужен дел останува
негибнато.

Примерок на:
ДОГОВОР ЗА ОТСТАПУВАЊЕ И РАСПРЕДЕЛБА НА ИМОТОТ УШТЕ ЗА ЖИВОТОТ

Склучен на _________200__година, меѓу:

1. Отстапителот на имотот__________________ од_______со стан на ул.________________бр.__ (во натамошниот текст : отстапител) и

2._________ од_________со стан наул.__________бр.__

3.___________од_________со стан на ул.__________бр.__

4.___________од_________со стан наул.__________бр.__

Согласност на овој договор дава и брачната другарка на отстапителот по име_________, којаи го потпишува овој договор.

1. Со овој договор отстапителот врши отстапување и распределба на дел од својотимот уште за животот, и им го распределува на своите потомци, од кои вториот и третиотдоговарач се негови деца, а четвртиот договарачму е внук од порано починатиот син по име_______.

2. Отстапувањето и распределбата на имототуште за животот, отстапителот го врши наследниов начин:

а. На синот_____ му ги отстапува следниве недвижности и подвижни предмети....( да сенабројат);

б. На ќерката_____ и ги отстапува следниве недвижности и подвижни предмети.... ( да сенабројат)

в. На внукот_________му ги отстапува следните недвижности и подвижни предмети...(да сенабројат).

3. Со заверувањето на овој договор од страна на судот, на отстапените недвижности иподвижни предмети, потомците на отстапителотстекнуваат право на сопственост и тие им се предаваат во владение, а потомците сеовластени врз основа на овој договор да извршат пренос на правото на сопственост одиме на отстапителот на свое име.

4. Отстапениот го задржува правото на плодоползување за себе како и за својатабрачна другарка и тоа доживотно, на четворособниот стан на ул. _______бр.__во______, кој им е отстапен на сите тројца потомцина по една третина. Во случај неговата брачна другарка да го надживее, потомците се должнида и обезбедат плодоползување на конфоренстан од најмалку 1050 мкв., во подрачје на градот според нејзинатажелба.

6. Вредноста на отстапениот имот се проценувана износ од _________денари.

7. Овој договор е склучен во потребниот бројистоветни примероци, од кои по еден запотписниците, а другите за службена употреба.

Отстапител: Потомци:
_____________
1.____________
Брачна другарка 2.____________
на отстапителот 3.____________
___________


Б. Договор за доживотна издршка

Договорот со кој едниот договарач се обврзувада го издржува доживотно другиот договарач,или некое трето лице, а во кој другиот договарачизјавува дека му го остава целиот имот или еден негов дел во наследство е договор за доживотнаиздршка.

Со овој договор не се наследува. Имено, овојдоговор претставува договор за отуѓување сонадоместок на сите недвижни ствари што му
припаѓаат на примателот на издршката вовремето на склучувањето на договорот, или наопределен дел од тие ствари, чие предавањена давателот на издршката е одложено досмртта на примателот на издршката.

Договорот за доживотна издршка се составуваво писмена форма и се заверува од судија.

Договорот за доживотна издршка може да сераскине ако:

Договорните страни спогодбено изразат желба да го раскинат договорот за доживотна издршкаи откако започнало неговото извршување;

Според договорот за доживотна издршка договорувачите живеат заедно, па нивнитеодноси толку се растројат што заедничкиот живот станал неподнослив;

Секоја странка може да бара раскин надоговорот ако другата страна не ги извршувасвоите обврски.

Во случај на смрт на давателот на издршкатанеговите обврски преминуваат на неговиотбрачен другар и на неговите потомци што се
повикани на наследство, ако тие се согласат со тоа. Меѓутоа доколку тие не се согласат да сепродолжи договорот за доживотна издршка,
договорот се раскинува.

Примерок на:
ДОГОВОР ЗА ДОЖИВОТНА ИЗДРШКА

Склучен пред Основниот суд во ______ на200_година меѓу:

1. Примателот на издршката_____од______ состан на ул.________ бр.__ (во натамошниот текст:примател на издршката),и

2. Давателот на издршката_____од____со станна ул._________ бр.____(во натамошниот текст:давател на издршката).

1. Примателот на издршката и неговата сопругасе во поодминати години, а поради нарушенотоздравје, имаат потреба од чување и негувањеод друг и затоа, за да си обезбеди подобарпомин во наредните години за себе и својата сопруга, го склучува овој договор за доживотнаиздршка.

2. Примателот на издршката е сопственик наследните недвижности....( да се набројат сопоблиски ознаки). Покрај тоа, примателот наиздршката е сопственик на следните подвижни предмети...( да се набројат со поблиски ознаки).

3. Со овој договор странките се договоријадавателот на издршката и неговата______доживотно да ги издржува примателот на издршката и неговата сопруга, да ги чува инегува, да им приготвува јадење, да ги пере ида ја одржува хигиената во станот, како и личната хигиена на примателот на издршката инеговата сопруга. Во случај на болест да имобезбеди лекарска помош и лекување, да се грижи навреме да бидат наплатени сите негови финансискиобврски, и во случај на смрт да им приредипристоен закоп. Гробот да го уреди со подигнување на надгробен споменик и да дававообичаени задушнини.

Обврските на овој договор, давателот на издршката ќе ги извршува и кон сопругата на примателот на издршката, во случај таа да го надживее примателот на издршката.

За возврат на тоа, примателот на издршката му го остава во наследство имотот - недвижноститеи подвижните предмети опишани во овојдоговор, под точка 2, врз кои, со денот на смрттана примателот на издршката, давателот наиздршката стекнува право на сопственост.

4. Вредноста на имотот од овој договор се проценува на_____денари.

5. Давателот на издршката може да бара војавните книги да се прибележат неговите праваод овој договор.

6. Овој договор се склучува во 5 истоветни примероци, од кои по два за секоја договорнастрана, а еден останува при неговата заверка, со што договорот влегува во сила.

Давател на дож. издршка:
____________________________

Примател на дож. издршка:
____________________________


В. Договор за дар

Со договорот за дар дарувачот се обврзува даму пренесе или му предаде на даропримачот восопственост определен предмет, или му отстапува некое право, или му отпушта долг, или му презема долг без надомест.

Договорот за дар се склучува во писмена форма.

Со овој договор не се наследува. Овој договор претставува договор со кој даропримачот му јаподарува односно предава во сопственост и владение недвижноста или подвижните предмети, така што по смртта на дарувачот овојдел од имотот за кој е склучен договор за дар не влегува во оставинската маса на дарувачотоставителот.

Овој договор, со кој дарувачот се обврзал на повремени давања, престанува со смртта надаропримачот. Во случај пак на смрт на давачот,обврските од овој договор не преминуваат на неговите наследници, освен ако неговитенаследници го прифатиле овој договор.

Дарувачот одговара за неисполнување насвојата обврска, за задоцнување на исполнувањето, ако е тоа со намера или е од негово крајно невнимание, како и за правните недостатоци на даруваниот предмет.

Дарувачот може да го раскине договорот и даго отповика договорот за дар, во случај когадаропримачот со своето однесување кон него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност, кое право воедно преминува и нанаследниците на дарувачот.

Примерок на:
ДОГОВОР ЗА ДАР НА МОТОРНО ВОЗИЛО
Склучен на 200__година, меѓу:
1) Дародавачот___________ од ______со стан на ул.__________бр.__ (во натамошниот текст:дародавач) и,

2) Даропримачот__________ од ________со стан на ул.____________ бр.__ (во натамошниот текст: даропримач)

1. Дародавачот, кој му е татко на даропримачот, е сопственик на моторното возило марка_______тип______, со број на мотор_______, број нашасија______, зафатнина на моторот______см/3, година на производство______, со рег.бр.______,кој го купи со договор за купопродажба -фактура бр._____ од _____200_ година на трговското претпријатие ___________.

2. Ова моторно возило дародавачот му гоподарува т.е. предава во сопственост ивладениебез надоместок на даропримачот со денот напотпишувањето на овој договор.

3. Дародавачот не може да го отповика овојподарок по ниеден основ.

4. Врз основа на овој договор, даропримачот ќе го регистрира автомобилот на свое име, со тоашто ќе ги сноси сите трошоци за регистрацијата.

5. Овој договор е склучен во пет истоветни примероци, од кои еден за дародавачот, три задаропримачот и еден за судот.

Даропримач,
_____________________

Дародавач,
_____________________


7. Здобивање сооставина и откажување од наследство

Со смртта на едно лице се отвара неговотонаследство.

Наследник може да биде само лице кое е живо во моментот на отворање на наследството.

Детето кое веќе е зачнато во моментот наотворањето на наследството, се смета зародено ако се роди живо.

Доколку има оставина, за расправање на истатасудот закажува рочиште по приемот насмртовницата. На тоа рочиштезаинтересираните страни се повикуваат сопокана.

Наследничка изјава е изјава што наследникотја дава пред судот со која се прифаќа или не сеприфаќа себеси за наследник на имотот напочинатиот.

Наследникот со наследничката изјава можесамо во свое име или и во името на своитепотомци:

- да се прифати за наследник, или
- да се откаже од наследство.

Наследничката изјава со која наследникот сеоткажува од наследство во корист на определеннаследник не се смета како откажување однаследство, туку како изјава за отстапување насвојот наследен дел. Ова откажување важидоколку наследникот во чија корист е тоасторено го прифати тој дел од наследството.

Изјавата за откажување од наследство или запримање на наследство не може да сеотповика.

Судот откако ќе утврди на кои лица им припаѓаправото на наследство, со решение ќе гипрогласи за наследници.

8.Што се случувасо дополнително пронајден имот


Дополнително пронајдениот имот наоставителот е оној имот кој не бил познат когабило донесено решението за наследување.

Судот таквиот имот ќе го распредели со ново решение така што:

ако наследник дал порано изјава дека сеоткажал од наследство, судот ќе го повикада даде нова изјава за новопронајдениот имот;

ако оставината порано не била расправаназатоа што оставителот не оставил имот илиоставината се состоела од подвижни предмети, а наследниците не барале да сеодржи расправа, судот ќе ја расправи
оставината ако новопронајдениот имот се состои од недвижности;

ако по правосилноста на решението занаследување се пронајде нов
тестамент,судот го прогласува и го доставувана оставинскиот суд, а тој ќе ги известизаинтересираните лица за прогласување и ќе ги предупреди дека своите права може да гиостварат во процес;

ако по правосилноста на решението занаследување се појави лице кое неучествувало во постапката за расправање на оставина, а како наследник полага право врзоставината, оставинскиот суд ќе го упати
таквото лице да ги остварува своите права во процес.
31.05.2006   Етиката судот и Вие
Етиката судот и Вие

1. Општо за етиката
2. Судскатаетика
3.Етика за судската администрација
4.Препораки: Како треба да се однесуваме во судот

1.Општо за етиката

Етиката уште од дамнешни времиња го следи животот на човекот. Во минатото зборот етика означувал навики кај човекот, односно го проучувал моралот кај човекот.

Начинот на кој што секојдневно се однесуваме има влијание врз другите луѓе, околината и врз општеството.

Според етиката, доброто однесување на човекот се карактеризира како позитивно однесување, а лошото однесување како негативно однесување.

Однесувањето на човекот отсекогаш било предмет на оценка, така што човекот секогаш позитивно го оценува доброто однесување кај самиот себе и кај другите луѓе. Доброто однесување на човекот се изразува со продуктивност и напредок.

Всушност, етиката како наука за моралот ги проучува постапките и намерите на човекот.

2. Судската етика

Судската етика претставува збир на правила на однесување, што судиите треба да ги почитуваат во вршењето на судиската функција.

Судијата има морална и чесна должност да ги применува, развива и збогатува судските етички начела. Судијата преку свој личен пример ги упатува и другите да ги почитуваат и применуваат овие правила на однесување.

Улогата на судијата

Судијата со својата улога во општеството има морална и законска одговорност својата професија да ја обавува на најдостоинствен начин.

Судијата има посебен социјален статус. Тој со својата работа влијае на мислењето на јавноста кон судскиот систем, како и на односот на судот со јавноста.

Чување на угледот на судот

Судијата во својата работа го чува угледот и авторитетот на судот. Тој настојува угледот на судот да го чуваат и сите останати лица со кои доаѓа во контакт при вршењето на функцијата.

За чување на угледот на судот, судијата се грижи и надвор од судот со одржување на висок степен на личен, професионален и морален однос.

Однос спрема странките
Во вршењето на судиската функција, судијата се залага контактите со странките да ги врши така што настојува да ја минимизира можноста од конфликти помегу судиската функција и своите вонсудски активности.

Судијата треба да одржува соодветни односи со сите странки инволвирани во судскиот процес.

Судијата треба да покаже соодветна почит и кон членовите на правната заедница, адвокатите, правниците, јавните обвинители, судската администрација, јавните правобранители, поротниците и останатите вработени во судот.

Стручно усовршување

Судијата во рамките на своите законски права и обврски за стручно усовршување, треба да настојува да ги изнајде најпогодните активности, преку кои лично ќе се усовршува и ќе пружа стручна помош на помладите кадри.

Органичувања на судиската функција

Судиите не можат да вршат дејност со која се компромитира нивната судиска независност.

Судиите мораат да се воздржуваат од вршење на деловни активности, освен кога се работи за нивни лични инвестиции или поседување имот.

Судиите не смеат да се занимаваат со давање на правна помош.

Судијата не смее да биде член на организација или здружение кое се залага и спроведува дискриминација врз основа на пол, раса, религија или национална припадност.

Тајност на информациите

Судиите треба да ги чуваат сите информации што ќе ги добијат додека ги обавуваат своите обврски како професионална тајна, освен оние информации што се презентирани за време на јавните рочишта.

Судска функција

Судијата треба да му биде верен на правото и да се однесува професионално. Тој не смее да биде под влијание на партиски интереси, јавно негодување или да се плаши од критика.

3.Етика за судската администрација

Основни принципи

Вработените во судската администрација треба да обезбедат еднаков третман на граѓаните и правните лица при вршењето на нивните службени задачи. При контактите со граѓаните и другите правни лица, судскиот службеник се однесува на начин што овозможува да се воспостават односи на взаемна доверба и соработка.

Непристрасност

При обавувањето на својата работа, судскиот службеник не треба да се раководи од погрешна, неоправдана или неразумна оценка на фактичката ситуација поради: предрасуди, остварување на амбиции за напредување во кариерата, конфликт на интереси, заплашувања или закани од претпоставените, или лицата кои се засегнати со донесената одлука или решение.

Вработените во судската администрација не треба да предизвикуваат намерна штета на друго лице, група лица, орган или на правно лице. Напротив, тие треба да го обезбедуваат остварувањето на правата и легитимните интереси на граѓаните и другите субјекти.

Транспарентност на информациите

Вработените во судската администрација треба да им го олеснат пристапот до информации на граѓаните кои имаат право да ги добијат информациите што ги бараат заради остварување на своите права и интереси.

Политичка активност
Судскиот службеник во односите со граѓаните и правните лица, како и во односите со другите државни органи, не треба да ја спомнува, истакнува или посредно да става до знаење која е неговата припадност кон одредена политичка партија.

Однесување во службата

Вработените во судската администрација, нема да го одложат или да го доверат на други колеги вршењето на активностите или донесувањето одлуки што се нивна одговорност. Тие нема да го одбијат вршењето на своите службени задачи кои се нивна должност според работното место на кое се распоредени.

Почитувајќи го работното време, судскиот службеник ќе посвети соодветно време и
енергија на извршување на службените должности. Тој ќе ги ограничи отсуствата од работно место на оние кои се стриктно неопходни.

Вработените во судската администрација ќе посветат соодветно внимание на начинот на нивното облекување за да не предизвикуваат впечаток на непристојност или нарушување на угледот на органот во кој се вработени.

Односи со јавноста

Вработените во судската администрација кои се во директен контакт со граѓаните и правните лица треба да посветат соодветно внимание на секое нивно прашање.

При решавањето на предметите, судските службеници ќе го почитуваат нивниот
хронолошки ред и нема да одбијат да преземат дејства што се во нивна надлежност, освен во строго определени случаи пропишани со закон.

При подготовката на пишани материјали и во рамките на останатата комуникација,
вработените во судската администрација ќе користат јасен и разбирлив јазик.

4. Препораки: Како треба да се однесуваме во судот

1.При влегувањето во судот, забрането е да носите оружје (од било каков вид) и други распрснувачки материјали, кои би претставувале опасност по вашата и опасност по безбедноста на останатите луѓе присутни во судската зграда. При влезот во судскта зграда има поставено детектор за метал и скенер што ги открива и најмалите метални предмети.

2.При влегување во судот, вашата облека би требало да одговара и на институцијата во која влегувате. Нема пропишани правила за тоа како да се облекувате кога влегувате во суд, но сепак не би требало да носите или избегнувајте да носите впечатливи шапки, наочари, шорцеви, или друга облека што не е соодветна на дигнитетот на институцијата.

3.Секогаш доаѓајте најмалку 15-тина минути порано од закажаниот термин во судот.

4.При влегувањето во судница би требало да влезете тивко и без нарушување на редот во судот. Притоа културно е да ги поздравите присутните лица, а особено судијата доколку е веќе влезен во судницата.

5.Во судницата е забрането јадење и пиење. Со вашето однесување не би требало да му пречите на судијата во неговата работа. Би требало да се одбегнува, гласно зборување, смеење, аплаудирање, подбивање со останатите странки или вработени во судот.

6.Во текот на судењето може да се случи да треба да чекате одредено време. Тоа сторете го пред судницата на поставените клупи за таа намена во судот, без притоа да го нарушувате редот во судот.

7.Кога му се обраќате на судијата треба да сте станати и да бидете формални и културни.

8.Кога судијата им се обраќа на останатите учесници во постапката, треба да бидете седнати на вашето место и да одговарате само кога ќе Ви се обратат.

9.При обраќањето кон судијата, најдобро е да ја користите формулацијата "почитуван судија: ......". Без оглед дали е судијата маж или жена му се обраќате со истата формулација. Именката судија нема род, тоа е назив на функцијата.

10.Во судницата секогаш исклучувајте ги мобилните телефони.

11.Во судот никогаш и никого не навредувајте.

12.Бидете љубезни со вработените во судот кога барате информации или документи кои Ви се потребни.

13.Доколку сте засегнати за вашата безбедност во судот, веднаш дискретно упатете се кај судските полицајци, кои се на влезот од судската зграда, и детално информирајте ги за опасноста. Тие се професионалци и се обучени за адекватен одговор и отстранување на опасноста.

Целта на овој текст е да Ви обезбеди општи информации за оваа правна тема.

Доколку имате некој посебен правен проблем, би Ви препорачале да се консултирате со адвокат.