Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

02.12.2016   Учество на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија на Семинар на вискоко ниво во Стразбур, Франција

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

     Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова на 05 декември 2016 година ќе учествува на семинар на виско ниво на тема: „Меѓународна судска пракса за Биоетика“, организиран од страна на Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото при Советот на Европа, во просториите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.
     Целта на Семинарот е анализа на пристапот на националните и меѓународните судови за прашањата поврзани со човековите права, а кои се јавуваат во областа на биологијата и медицината и да се идентификуваат добрите пракси и останатите предизвици во областа. На семинарот ќе се разговара за правата на пациентите, истражувања и донирање на органи, заштита на медицински податоци, ситуации на прекин на живот, биомедицинско помогнато оплодување и други ситуации во областа на био-медицината.


Назад