Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

24.02.2017   ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија учествуваше на Правосудна конференција во Белград

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

     ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, м-р Снежана Бајлозова и судијата м-р Фаик Арслани на 22 февруари 2017 година, во Белград, учествуваа на Правосудна конференција, организирана во рамките на ЕУ проектот „Соработка во кривично правниот систем: Зајакнување на заштитата на сведоци во борбата против организираниот криминал, тероризмот и корупцијата (ВИНПРО III).
     На Конференцијата се дискутираше за предизвиците поврзани со управувањето на соработниците на правдата во судовите, за неодамнешните промени во законодавството во регионот кои влијаат врз спроведувањето на програмите за заштита на сведоци, како и за искуствата од воведување на аспектот за заштитата на сведоците во правосудните наставни планови за обука.
     Делегацијата на Република Македонија која учествуваше на Конференцијата ја сочинуваа: ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија м-р Снежана Бајлозова, судија на Врховниот суд на Република Македонија м-р Фаик Арслани, Јавниот обвинител на Република Македонија г-дин Марко Зврлевски, Основниот Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство во Скопје г-ѓа Гордана Ѓешкоска и Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство во Скопје г-ѓа Наташа Гоџоска, како и помошник Директорот во секторот за јавен ред и мир при МВР на РМ г-дин Тони Станковски.


Назад