Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

07.03.2017   Одржана средба со Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

     ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија м-р Снежана Бајлозова, на ден 06 март 2017 година, по барање на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, оствари средба со неговата Екселенција Амбасадорот Кристијан Тимојнер.


      На средбата се разговараше за актуелната состојба во Република Македонија и за поддршката на Амбасадата на Република Франција во изградбата на правниот систем на Република Македонија, од аспект на посветеност на судството и патот на Република Македонија кон Европа и Европската Унија.
      Претседателот на Врховниот суд на Републиката Македонија истакна благодарност за континуираната поддршка на Амбасадата на Република Франција и дека во иднина се очекува успешно продолжување на истата.



Назад