Стручни Дела
|
 |
|
29.09.2011 УСЛОВИ И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПРАВО НА АЗИЛ И СУДСКА ЗАШТИТА НА АЗИЛАНТСКО ПРАВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|
|
Во услови на растечкиот тренд на бројот на лицата кои бараат азиланска заштита, како и воспоставувањето на високи стандарди во областа на заштитата на човековите права и основни слободи, вистински предизвик е да се проучи правото на азил и другите форми на заштита на лица чиј живот, слобода и безбедност биле загрозени во нивните земји. Посебно треба да се има во предвид фактот дека овој сложен процес се одвива во контекс и на растечкиот бран на тероризмот, сеуште присутната ксенофобија и екстремниот национализам, кој што се појавува како во земјите на Европската унија, така и во други земји во...
|
|
Повеќе...
|
 |
|
|
18.04.2010 Нов систем на извршување во Република Македонија-нови аспекти за улогата на извршителите и судот во остварувањето на правата на доверителите определени со извршни исправи
|
|
Трудот е презентиран на Меѓународна конференција на тема „Улогата на судиите во извршувањето на судките одлуки во кривичната, граѓанската и управната област“ одржана на 04. јуни 2010 година во Скопје во организација на Министерството за правда на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Академија за обука на судии и јавни обвинители, во соработка со Советот на Европа – Консултативен совет на европски судии (КСЕС).
НОВ СИСТЕМ НА ИЗВРШУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -
НЕКОИ АСПЕКТИ ЗА УЛОГАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ И СУДОТ
ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ
ОПРЕДЕЛЕНИ СО ИЗВРШНИ ИСПРАВИ
Со Законот за извршување и со неговите...
|
|
Повеќе...
|
 |
|
|
11.11.2009 Реформа на извршувањето во Република Македонија
|
|
РЕФОРМА НА ИЗВРШУВАЊЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Трудот е презентиран на Округла маса, на тема ''Реформите во извршувањето во Република Македонија'', одржана во Загреб – Република Хрватска, на ден 11.11.2009 година.
Во Република Македонија како и во останатите држави од поранешната СФРЈ, од нејзиното осамостојување во 1991 година, се применуваше Законот за извршната постапка од 1978 година[1]. Овој закон продолжи да се применува и по осамостојувањето на Република Македонија, согласно членот 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, со кој истиот беше превземен како републички пропис[2].
Во 1997 година беше донесен нов Закон за извршната постапа[3], кој суштински не се разликуваше од сојузниот...
|
|
Повеќе...
|
 |
|
|
27.01.2008 Промет на градежно изградено земјиште
|
|
ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ ПОД ОБЈЕКТ И ЗЕМЈИШТЕ ШТО СЛУЖИ ЗА НЕГОВА РЕДОВНА УПОТРЕБА, И ПРОЦЕСОТ НА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА, ТРАНСФОРМАЦИЈА И ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ
Правното прашање за правото на пренесување на право на користење на земјиште под објект (зграда) и на земјиште кое служи за редовна употреба на објектот се поставува во ситуации кога објектот и земјиштето имаат различен правен режим. Поконкретно, тоа значи кога сопственикот на објектот и сопственикот на земјиштето се два различни субјекти. Ваквата правна ситуација е спротивна на правилото од Римското право „Superficies solo cedit“, според кое зградата ја дели правната судбина на земјиштето...
|
|
Повеќе...
|
 |
|
|
20.09.2007 Обезбедување на правни лекови за судските доцнења
|
|
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРАВНИ ЛЕКОВИ ЗА СУДСКИТЕ ДОЦНЕЊА
Реферат на судијата Владимир Бабунски на Регионална конференција, одржана во Белград на 20 и 21 09.2007 за Улогата на врховните судови во домашната примена на Европската конвенција за човекови права, организирана од Генералниот директоријат за човекови права и правни работи на Советот на Европа и Врховниот суд на Србија.
I. Како во секое друго современо демократско општество и во Република Македонија основните слободи и права на човекот и граѓанинот се темелни вредности. Согласно со нивното значење, тие се утврдени во основните одредби на Уставот на Република Македонија, во членот 8 став 1, алинеја 1...
|
|
Повеќе...
|
 |
|
|