|
|
|
 |
|
ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ - Претседател на Врховниот суд на Република Македонија
.JPG)
Роден на 01.02.1960 година во Скопје
Националност: Македонец
Податоци за образование:
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 15.11.1982 година
Правосудниот испит го положил на 13.04.1983 година
Професионално искуство:
Од 1 февруари 1983 до 31 август 1986 година работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд Скопје
Од 1 септември 1986 до 20 мај 2008 година работи како адвокат во повеќе правни области, во почетокот на кариерата стопанска и граѓанска материја, во последните 10 години успешно работење на кривични предмети
На 20 мај 2008 година избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде работи во Одделот за граѓански дела
На 17 јули 2008 година избран за Претседател на Врховниот суд
на Република Македонија
Во работењето како адвокат и судија на Врховниот суд, учествувал на повеќе меѓународни конференции и семинари во земјата и странство
Како Претседател на Врховниот суд на Република Македонија (ex officio) член на Судскиот совет на Република Македонија, Заменик претседател на Судскиот буџетски совет и член на Управниот комитет на Академијата за обука на судии и јавни обвинители
Статусна позиција:
Претседател на Врховниот суд на Република Македонија
САФЕТ АЛИУ-Заменик на претседателот на судот и Прет на оддел за граѓански дела  Роден е на 20.7.1948 година во село Горно Седларце-Тетово, каде што живее и денес.
Во родниот крај завршил основно училиште и гимназија.
На 9.9.1972 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина.
На 10.10.1975 година положил правосуден испит.
Првпат се вработил на 1.3.1973 година во општина Тетово, во Одделението за имотно-правни работи.
Војска отслужил во 1974 година.
На 9.4.1976 година е избран за судија на Општинскиот суд во Тетово, функција што ја врши до 15.7.1996 година.
На 13.3.1996 година е избран за судија на Апелациониот суд во Скопје.
На 18.7.2000 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
На 23.9.1993 година е наименуван за член на Комисијата за полагање на правосудниот испит по предметот трудово право за време од две години, а на 10.5.2000 година е наименуван за член на истата комисија, испитувач по предметот граѓанско право (материјално и процесно право) за време од две години.
Со Одлука бр.07-788 од 3.7.2002 година на Претседателот на Република Македонија, именуван е за заменик на Претседателот на Државната изборна комисија. ФАТОН ПАЧУКУ  Роден е на 11.2.1948 година во Дебар, од татко Џевдет и мајка Дрита.
Основно и средно образование (гимназија) завршил во Дебар.
Во ноември 1970 фосина завршил високо-правни студии (општа насока) во Приштина.
На 1.3.1971 година се вработил како приправник во Општинското јавно обвинителство во Дебар, а потоа продолжил во Општинскиот суд во Дебар, исто така како приправник.
Во почетокот на 1974 година положил правосуден испит, по што продолжил да работи во судот како стручен соработник с# до 31.7.1975 година.
На 1.81975 година е избран за судија на Општинскиот суд во Дебар. Како судија, уште од почетокот постапувал по кривичната материја малолетничка деликвенција, истраги и кривични предмети. Во текот на судиската функција, покрај по предметите од кривичната материја, постапувал и по предмети од граѓанска, вонпроцесна и извршна материја. Во 1980 година е определен како одговорен на Кривичниот оддел.
На 14.6.1995 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде што е распореден во Одделот за управни спорови, а од 1.1.2000 година е распореден во Одделот за казниви дела.
Покрај судиската функција и сите редовни работни обврски, постојано бил ангажиран на разни општествени активности.
Членува во органите на Здружението на судиите на Република Македонија, во Редакцискиот одбор на списанието Судска ревија, во повеќе работни групи за изготвување на законски прописи во Министерството за правда и друго.
Женет е и татко на три деца. ВЛАДИМИР БАБУНСКИ  Роден е во Скопје на 22.9.1948 година.
Основно и средно образование завршил во Скопје.
Студирал и дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1972 година.
Во месец март 1973 година се вработил како судски приправник во Општинскиот суд Скопје I Скопје.
Во месец јуни 1974 година, го положил правосудниот испит, по што продолжил да работи во истиот суд како стручен соработник.
По отслужувањето на воениот рок во 1975 година, во месец јуни 1976 година е избран за судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје, каде што работи на спорови од граѓанско-правната област. Во период од две години е претседател на Одделот за граѓански дела и раководител на Одделот за судска пракса.
Во тој период учествува на повеќе стручни советувања и има изготвено и објавено стручни трудови на тема: "Заштита на правото на сопственост на недвижностите со судските одлуки" и "Евиденцијата на недвижностите според националното право".
Во месец јануари 1985 година е избран за судија на Окружниот суд Скопје, каде што работи во граѓанско-правната област во втор степен.
Во периодот на остварување на судиската функција во Окружниот суд Скопје, учествува во едукацијата на судиите и стручните соработници на општинските судови од подрачјето на Окружниот суд Скопје. За таа цел, изготвува и повеќе трудови, а како позначајни се издвојуваат: "Објективна кумулација на тужбени барања" и "Сопарничарство во парничната постапка, со посебен осврт на нужното сопарничарство.
Во времето на вршењето на судиската функција во Окружниот суд Скопје е одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.
Од месец април 1992 година до месец ноември 1995 година, работи како адвокат во Скопје.
Во месец ноември 1995 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
Во периодот од изборот до месец јуни 1997 година, работи во Одделот за управни спорови, а потоа с# до денес во Одделот за граѓански дела.
Покрај редовната работа во пресудување на предметите, изработил и неколку материјали по кои Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија донела начелни ставови и начелни правни мислења.
Во ноември 2000 година, бил на студиски престој во Државниот судски совет на Франција, а во ноември 2002 година учествувал на конференција "За заштита на интелектуалната сопственост" во Вашингтон, САД. ЗИРАП ЛИМАНИ  Роден е на 19.7.1953 година во село Форино-Гостивар.
Основно и средно образование завршил во Гостивар.
На 10.10.1975 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина.
Од 1.7.1976 до 31.12.1976 година бил судски приправник во Општинскиот суд во Гостивар. Во декември 1976 година го положил правосудниот испит и од 1.1.1977 до 31.10.1977 година ги извршувал задачите на стручен соработник во Општинскиот суд во Гостивар.
Од 1.9.1978 до 1.1.1980 година ја врши функцијата помошник општествен правобранител на општина Гостивар.
На 10.7.1982 година е избран за судија на Општинскиот суд Гостивар. Во судот работел исклучиво на предмети од граѓанска материја.
На професионална политичка должност е од 15.5.1988 до 1.12.1990 година, кога повторно бил избран за судија во Општинскиот суд Гостивар.
На 2.11.1995 година бил избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија во Скопје која должност и денеска ја обавува.
Го владее англискиот јазик, има завршено I и II година на Филолошки факултет - група англиски јазик.
Има учество на разни семинари и тоа Семинарот “Развивање на кадри за судска едукација”, организиран од Здружението на судиите на Република Македонија и Американската адвокатска асоцијација - правна иницијатива за Централна и Источна Европа.
Исто така има учество на Третиот редовен годишен симпозиум на судии што се одржа во Варшава и на Второто собрание на претседалите на врховните судови на земјите од Средна и Источна Европа, што се одржа во Источна Естонија.
До крајот на 2002 година работел во Одделот за управни спорови, а од 2003 година во Одделот за граѓански дела.
Претседател е на Подружницата на Здружението на судиите на Република Македонија од 1999 година.
Член е на Комисијата за полагање на нотарски испит од 2001 година.
Женет е и е татко на две деца. Д-р ДРАГАН ТУМАНОВСКИ  Д-Р ДРАГАН ТУМАНОВСКИ
КРАТКА БИОГРАФИЈА (CV)
I
Роден е на 18.11.1951 година. Oсновно образование и гимназија завршил во Струмица.
Во 1975 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ Скопје, како најдобар студент на генерацијата, за што добил награда на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ Скопје.
Во 1975 година се вработил како судски приправник во Општинскиот суд во Струмица. По положениот правосуден испит во 1976 година е назначен во стручен соработник, а во 1977 година е избран за судија во Општинскиот суд Струмица и како судија работел се до 1984 година. Потоа е именуван за Општински јавен обвинител, а во 1988 година повторно е именуван за Општински јавен обвинител.
Во 1989 година е именуван за потсекретар во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи за јавна безбедност.
Во 1991 година е именуван за потсекретар во Министерството за правосудство и управа, водејќи го Секторот за судство. Во 1995 година повторно е именуван за потсекретар во Министерството за правда.
Има завршено постдипломски студии по кривично право и криминологија на Правниот факултет во Скопје.
Магистрира во 2001 година на тема “Постапка на Јавниот обвинител по кривични пријави“, а во 2007 година докторира на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје.
Во 1997 година е избран за судија на Врховен суд на Република Македонија, каде и денес работи како заменик на Одделот за казниви дела.
Во 1995 година престојува на студиски престој во Женева.
Избран е во насловно звање Доцент на Универзитетот по кривично право и кривична политика.
Учесник е на повеќе меѓународни конференции со свои трудови и тоа:
• 1994 година – Рим и Варшава.
• 1995 година – Лисабон.
• Учествува на министерски конференции во Варшава и Букурешт.
• Во 1997 година има студиски престој во САД на Универзитетот во Оклахома и Тексас за рачна залога.
• Во 1998 година во САД – Вашингтон учествува на Меѓународна конференција за статусот на судиите.
• Во 1999 година во Лос Анџелес учествува на VI-тата Меѓународна конференција за компјутеризирање на судството, како и во Феликс-Аризона, Вашингтон и Виљјамсбјрг.
• Во 2002 година престојува во Лондон и Париз, за организација на судството и правните системи на Англија и Франција.
• Во 2003 година престојува во Бостон, а во 2004 година во Њујорк и Питсбург на тема: “Организиран криминал“.
Претседател на Здружението на судии на Република Македонија; непосреден учесник во изработка на повеќе закони од областа на судството; непосредно ги води експертизите пред Советот на Европа за Законот за судови, Кривичниот законик, Закон за кривичната постапка и Закон за парничната постапка; шеф е на експертскиот тим за склучување на меѓународни договори со Словенија, Хрватска, Турција, Бугарија.
Предавал на Европски универзитет и Полициска академија.
Едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители.
Добитник на повеќе награди и признанија.
II
ОБЈАВЕНИ КНИГИ
1.Коментар на Законот за вршење на нотарски работи, издание на Академик од 1996 година.
2.Коментар на Судски деловник, издавач “Службен весник на РМ“ од 1997 година.
3.Збирка на прописи од областа на нотаријатот, издавач “Службен весник на РМ“ од 1999 година.
4.Постапка на Јавниот обвинител по кривични предмети, издание на “2 Август„ од 2001 година.
5.Меѓународни договори 2000 година, издание на “2 Август“.
6.Меѓународни договори лл издание, 2000 година, издавач “ОБСЕ“ Скопје од 2005 година.
7.Меѓународни договори-англиска верзија.
8.Независно судство л-дел од 1998 година (коавтор).
9.Независно судство лл-дел 2000 година (коавтор).
10.Македонија-факти на англиски јазик – 2 изданија.
11.Обезбедување на имоти и лица од 2001 година (коавтор).
12.Припрачник за полагање на правосуден испит – Академик Скопје.
13.Конвенција на ООН за транснационален организиран криминал со додатни протоколи – Министерство за правда од 2003 година (коавтор).
14.Независно судство во функција на заштита на слободите и правата на човекот – 2007 година Скопје.
Во “Судска ревија“ ги објавил следните трудови:
1.Легализација на исправи во меѓународен јавен промет бр.1/02.
2.Улогата на обвинителот во примена на меѓународното казнено право, заемна помош во казнени предмети, трансфер на казна-постапка, екстрадиција и друго бр.4/95.
3.Комисија на Европска заедница против корупцијата и организиран криминал во државите на транзиција бр.4/98.
4.Организираниот криминал и решенија во предлогот за донесување на Кривичен закон на РМ бр.7/96.
5.Примена на меѓународните конвенции за дрогата во националното законодавство на РМ бр.8/96, бр.1 и 2/97.
6.Прием на нотарска комора на РМ во меѓународната унија на латинскиот нотаријат (УИНЛ) бр.2/2001.
7.Морал и етика низ меѓународните документи за судството бр.1/98.
8.Самостоен судски буџет и финансирање на судството во РМ бр.4/98.
9.Ограничување на принципот на јавност и слободите формирани во судските процеси бр.2/2001.
10.Судска технологија бр.3/2000.
11.Судски буџет од аспект на самостојност и независност и непристрасност на судството бр.4/2000.
12.Денационализација на конфискувани имоти (релации-дилеми-судска пракса) бр.2/2003.
13.Доставување на судските писмена како услов за ефикасна кривична постапка бр.4/2003.
14.Потреба од реформа во судството за воспоставување и владеење на правото и постигнување висок степен ефикасност во борбата против корупцијата бр.1/2002.
15.Трговија со луѓе бр.4/2002.
16.Конвенција на ООН против транснационалниот организиран криминал со протоколите бр.3/2000.
17.Право на правично судење бр.1/2003.
18.Развиток на судството во македонија (историски ретроспективи и сегашност) бр.2/2004.
19.Мерки за безбедност бр.2/2004.
20.Зошто судски буџет бр.1/2004.
21.Влијание на Европската Конвенција за заштита на човековите права врз националното право и практика бр.1/2004.
22.Судството во Македонија бр.1/2005.
23.Меѓународни конференции и договори и националното законодавство бр.1/2005.
Во “Правник“ ги објавил следните трудови:
1.Обвинителот во примена на казненото право бр.37/2005.
2.Финансирање на политичките партии, компаративно искуство бр.109.2001.
3.Легализација на исправи во меѓународниот промет од аспект на работа на нотаријатот бр.8788/99.
4.Мерка на безбедност – забрана на вршење на определена дејност на правно лице – релации, дилеми и судска пракса бр.145/2004.
5.Судската власт во РМ од аспект на меѓународното право бр.31/94.
Во ревијата на Здружението за кривично право и криминологија на македонија, ги објавил следните трудови:
1.Драган Тумановски: „Доставувањето на судските писмена – услов за ефикасна кривична постапка“ (МРКПК год.10 бр.1-2/2003).
2.Драган Тумановски: “Европската Конвенција за перење на пари, откривање, заплена и конфискација на имотна корист прибавена со крвиично дело“ (МРКПК год.4 бр.1/97).
3.Драган Тумановски: “Начелото на опортунитет во кривичната постапка- обем и облик“ (МРКПК год.3 бр.1-2/1996).
4.Драган Тумановски: “Организација на јавните обвинителства во Европа“ (МРКПК год.3 бр.1-2/1996).
5.Драган Тумановски: “Постапка на Јавниот обвинител по кривичните пријави“ (П-ЈП-С-А-ВПП – материјали за B-то советување на ЗКПКМ – посебно издание на МРКПК, ноември 2000 година).
6.Драган Тумановски: “Улогата на обвинителот во примената на меѓународното казнено право, заемната помош во казнените предмети, трансферот на казнената постапка, екстрадицијата и друго“ (МРКПК год.2. бр.1-2/1995).
7.Вонредно ублажување на кзната (МРКПК – новото издаение од 2006 година. ДАНЕ ИЛИЕВ  Роден е на 15.10.1951 година во Крива Паланка.
Основно и средно образование завршил во Крива Паланка.
Во 1975 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје.
Во 1975 година се вработил како приправник, а потоа како стручен соработник во Окружниот суд Скопје.
Во 1977 година е избран за судија на Општинскиот суд Скопје II Скопје. Како судија на овој суд бил распореден на кривични предмети и од 1979 година бил раководител на Кривичниот оддел.
Во 1985 година е избран за судија на Окружниот суд Скопје и работел прво како истражен судија, а потоа како претседател на советот во Кривичниот оддел.
Во ноември 1987 година е избран за претседател на Општинскиот суд Скопје II Скопје, функција на која останал до јули 1996 година, кога е избран за судија на Апелациониот суд Скопје.
Во Апелациониот суд Скопје работел како претседател на Кривичниот совет во Кривичниот оддел.
Во 1998 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Работи во Одделот за управни спорови како претседател на управен совет.
Во јули 2004 година е избран и ја врши функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија.
Има учествувано на повеќе стручни семинари од областа на кривичното право и судството. Бил член на Комисијата за изготвување на Кривичниот законик на Република Македонија.
Во 1996 и 1999 година бил на студиски престој во САД, а во 1996 година во Париз (Франција) и Минхен (Германија).
Учествувал во формирањето на Здружението на судиите на Република Македонија и во првиот состав бил потпретседател на Здружението.
СТЕФКА РИСТЕСКА  Родена на 14.3.1948 година во село Брезово-Демир Хисар.
Во 1972 година дипломирала на Правниот факултет во Скопје.
На 1.6.1972 година вработена во Окружниот стопански суд во Скопје.
Положен правосуден испит во јануари 1975 година.
Во 1977 година избрана е за судија на Општински суд Скопје I, каде што ја обавувала и функцијата заменик на Претседателот од 1982 до 1987 година.
Во 1987 година избрана е за судија во Окружниот суд во Скопје.
Во 2000 година избрана е за судија во Врховниот суд на Република Македонија каде с# уште работи како судија во граѓанскиот оддел.
Член на Државната изборна комисија од 2000 до 2002 година.
Едукатор од областа на граѓанското право во Здружението на судиите на Република Македонија-Центар за континуирана едукација каде учествувала на повеќе семинари. НИКОЛЧО НИКОЛОВСКИ - Претседател на оддел за судење во разумен рок  Роден на 14.12.1955 година во Скопје.
Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Правосуден испит положил 1986 година во Скопје.
Избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија на 11.7.2002 година.
Работел како самостоен правен референт во РО Македонијаспорт Скопје во период од 1982-1985 година; во 1985-1986 година како секретар на Млад Борец-весник на ССММ; од 1986 до 1989 година како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во РО Црвена Ѕвезда Скопје и од 1989 година до изборот за судија во Врховниот суд на Република Македонија, како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во ТД Макошпед АД Скопје, каде воедно обавувал и функција на неизвршен член на Одборот на директори во ТД Макошпед АД Скопје и во АД за осигурување Макошпед Осигурување Скопје.
Во 2000 година избран за заменик член на Државната изборна комисија.
Во 2002 година избран за член на Државната изборна комисија од редот на судиите на Врховниот суд на Република Македонија.
Активен член на Управниот одбор на Здружението на правниците од стопанството на Република Македонија во три мандата, првпат избран 1992, 1996 и 2000 година.
Во периодот од 1988 до 1992 година, секретар на претседателството на Сојузот на здруженијата на правниците на Македонија.
Има посетувано повеќе семинари и работилници од областа на Трговското право, како активен учесник со свои трудови.
Женет, татко на две деца. КИРО ЗДРАВЕВ  Роден е на 15.9.1957 година во Штип, каде завршува средно образование-гимназија.
Во 1981 година го завршил Правниот факултет-правосудна насока на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје. Истата година, се вработил како приправникво Окружниот суд во Штип.
Правосудниот испит го положил во 1982 година, а за судија во Општинскиот суд Штип е избран во 1983 година и распореден во граѓанскиот оддел.
Во 1988 година е избран за претседател на Општинскиот суд Штип, од кога постапува и по кривичните предмети за малолетни лица.
Во 1996 година е избран за судија во Апелациониот суд Штип и распореден во граѓанскиот оддел.
Во 2004 година е избран за судија во Врховниот суд на Република Македонија. Распореден е во Одделот за управни спорови и како дополнителен член во советот за граѓански дела. Претседател е на еден од постојаните совети што постапуваат по управните спорови.
Бил член на Иницијативниот одбор за основање на Здружението на судиите на Република Македонија, кое беше основано на 15.12.1993 година. Член е на Управниот одбор на ЗСРМ од 1994 до 1998 година и од 1998 до 2002 година.
Бил член на Комитетот за едукација при ЗСРМ и едукатор. Обуката за едукација ја стекнал преку проектите: "Развивање на кадар за судијска едукација-судиите помагаат во едукација на другите судии" и "Едукација на едукаторите".
Како едукатор и раководител учествувал во реализацијата на повеќе проекти во врска со едукацијата на судиите во Република Македонија.
За претседател на Одборот на Центарот за континуирана едукација е избран во 1999 година, кога е формиран Центарот па до 2003 година.
Во 1999 година во Рига (Латвија) учествува на меѓународната конференција за "Ефективност, стратегија и организација на судијската едукација" со свое излагање на тема "Досегашните искуства во врска со едукацијата на судиите во Република Македонија.
Во 2001 година со членовите на Одборот на Центарот за едукација бил на студиски престој во Националниот судијски колеџ во Рино (Невада) и во Вашингтон (САД).
Во судијското списание "Судијска ревија" се објавени неговите трудови "Промет со земјоделско земјиште" и "Смеќавање на посед-правна заштита", а во списанието "Правник" се објавени повеќе негови сентенци.
Оженет е и татко на две деца. НЕВЕНА КРЦКОВСКА-МАЛИНКОВСКА  Родена 1950 година. По завршување на гимназијата, се запишува на Правниот факултет во Скопје и дипломира во рекорден рок, во учебната 1973/1974 година.
Од 1.4.1974 година се вработува како приправник во тогашниот Окружен суд Скопје. Во 1975 година го положи правосудниот испит, се здобива со звање стручен соработник во Окружниот суд Скопје.
На 15.11.1977 година е избрана за судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје.
На 27.5.1987 година е избрана за судија на Апелациониот суд Скопје.
На 6.12.2004 година работи како судија во Врховниот суд на Република Македонија.
Во професионалната кариера, седум години била истражен судија во Општинскиот суд Скопје I Скопје, потоа работи како судија кривичар во прва степен во Општинскиот суд Скопје I Скопје и во Окружниот суд Скопје, а во Апелациониот суд Скопје работи како судија кривичар во втора степен.
Во Врховниот суд на Република Македонија е распоредена како судија во Одделот за казниви дела, а работи и управни предмети поврзани со азил и државјанство.
Била раководител на истражното одделение во Општинскиот суд Скопје I Скопје, раководител на Првостепениот кривичен оддел во Окружниот суд Скопје, шеф на Второстепениот кривичен оддел и Второстепениот кривичен отсек во Апелациониот суд Скопје и заменик-претседател на Апелациониот суд Скопје од 1996 до 2004 година. Во 2004 година два месеци била В.Д. претседател на Апелациониот суд Скопје.
Во нејзиното професионално усовршување, учествувала на многу симпозиуми и семинари по прашања од кривичната област, била член на делегацијата преку Министерството за правда на РМ, во програмите OKTOPOD 2 и PAKO, организирани од страна на Советот на Европа, во Братислава, Брисел, Амстердам, Букурешт и Загреб.
Била член на македонската делегација во Стразбур на конференцијата за декриминализација на кривичните дела "Навреда" и "Клевета".
Учествувала на конференција посветена на прашањето за азил во Брела-Хрватска, на конференција за враќање на имот одржана од 17-19.11.2005 година во Белград, во организација на UNDP и преку CARDS програмата, бев член на македонската делегација при посетата на Европскиот суд за правда во Луксембург. Д-р МИЛКА РИСТОВА  Родена е на 28.2.1950 година во н.Раклиш-Радовиш, каде завршува основно и средно образование. Државјанка на Република Македонија. До 1977 година живее и работи во Радовиш, а од 1977 година во Скопје, со постојано место на живеење. Мажена, мајка на две полнолетни деца.
-1968 година-Правен факултет во Скопје;
-1974 година полагање на правосуден испит;
-1990 година магистратура од областа на кривичното право и криминологијата (магистарски труд "Кривично-правното судство во Македонија 1878-1912 година).
-1973-1974 година судски приправник во Општинскиот суд во Радовиш;
-1974-1977 година судија во Општинскиот суд во Радовиш (постапување по предмети од кривично-правната материја);
-1977-1985 година судија на Општинскиот суд Скопје I Скопје (постапување по предмети од областа на кривично-правната материја и одговорен судија на кривичното одделение);
-1985-1987 година судија во Окружниот суд во Скопје (постапување по предмети од областа на кривично-правната материја);
-1987-1990 година Заменик републички општествен правобранител на самоуправувањето;
-1990-1996 година советник во Владата на Република Македонија во Министерството за правосудство и управа, задолжена за прашања од областа на судството;
-1996 година судија во Апелациониот суд Скопје (постапување по предмети од областа на стопанско-правната материја и одговорен судија на стопанскиот отсек;
-2005 година судија на Врховниот суд на Република Македонија (постапување по предмети во Одделот за управни спорови).
Во текот на целокупната моја кариера како судија, во работата покажува истакнати резултати, како во поглед на квантитетот на завршени предмети, така и во поглед на квалитетот во работата, за што ќе се произнесат и надлежните органи кои имаат законско овластување да ја следат и контролираат работата на судиите.
-2000 година стручна едукација во Школата за судии во Република Франција-Париз (преку Центарот за континуирана едукација на судиите во Република Македонија, материјално поддржана од Министерството за правда на Република Франција и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија);
-2001 година стручна едукација организирана од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права во Париз (Школата за судии) и Стразбур. БЛАГОЈ ДОНОВСКИ  Роден на 18.2.1948 година во село Лавци-битолско.
Основно и средно образование-гимназија завршив во Битола, а потоа дипломирав на Педагошката Академија во Битола и Правниот факултет во Скопје.
Во 1979 година се вработив во Општински суд Битола на работно место дипломиран правник-приправник.
Во 1981 година положив правосуден испит, кога и бев распореден на работно место стручен соработник.
Во 1984 година бев избран за судија во Општински суд Битола, на кое работно место работев 12 години до 1996 година, кога бев избран за судија во Апелациониот суд Битола. Од ова работно место, на 19.7.2005 година сум избран во Врховен суд на Република Македонија.
Во брачна заедница од 1973 година, родител на две деца.
МИРЈАНА РАДЕВСКА СТЕФКОВА  Родена на 23.08.1960 год во Скопје.
Основно и средно образование завршено во Скопје.
Високо образование-Правен факултет, правосудна насока, од 1978 до 1983 година на Универзитетот “Кирил и Методиј“ Скопје.
По дипломирањето на Правниот факултет во Скопје, од 1983 година вработена во Окружниот стопански суд во Скопје, како приправник. По полагање на правосудниот испит во 1984 година распоредена на работно место - стручен соработник во истиот суд. Од 1 јули 1996 година избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје, распоредена во Одделот за трговски спорови.
Во мај 2009 година, избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
Учество на семинари:
-семинар за интелектуална сопственост, организиран од IDLO-International Development Law Organization, одржан во Скопје во 2007 година.
-семинар за трговско право,организиран од Академијата за обука на судии и јавни обвинители во соработка со проектот CARDS 2004, во 2007 година.
-семинар за судска соработка во Европската унија-граѓанско и трговско правна материја во Брисел, во 2008 година, организиран од Европската комисија-Генерален директорат за проширување.
-семинар за конкурентско право,организиран од OECD-Регионален центар за конкуренција во Унгарија, одржан во Будимпешта во 2008 година.
Странски јазици: француски и англиски.
АБДУЛАКИМ САЉИУ  Роден на 21.2.1949 година во село Пршовце-тетовско. Основно и средно образование завршил во Тетово, а Правен факултет завршил во Приштина во 1973 година.
Во 1974 годна вработен како новинар во НИП “Нова Македонија“ во редакцијата “Флака е влазримит“. Во 1976 година вработен како приправник во Општинско јавно обвинителство Тетово, а по полагањето на правосудниот испит како стручен соработник.
Од месец декември 1977 до октомври 1988 година е заменик јавен обвинител во Општинско јавно обвинителство Тетово, а до 1997 година како адвокат, кога бил именуван за заменик виш јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје.
Во 2003 година е именуван како заменик јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, а во 2009 година именуван за Јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија со траен мандат.
Како заменик јавен обвинител бил вклучен во многубројни активности организирани од страна на Здружението на јавни обвинители и Здружението на судиите на Република Македонија. Активно учествувал во разни стручни советувања и како излагач за определени теми од правосудната област.
Член на Комисијата за измени и дополнувања на Законот за јавно обвинителство, во институтот “Отворено општество“ при Хелсиншкиот комитет во врска со реформите во правосудниот систем, член на Управниот одбор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, претседател на Управниот одбор.
Учествувал во разни студиски посети за проширување на сознанијата во врска со идентификација на корупцијата, организираниот криминал и спроведувањето на специјалните истражни мерки и тоа:
-студиска посета во Вашингтон и Сан Франциско (САД);
-студиска посета во Хашкиот трибунал и Специјалниот суд во Сараево (Б и Х);
-студиска посета во Рим (Италија), како и во Љубљана (Словенија).
Објавил стручни трудови во часописот “Судска ревија“ и тоа:
-Рефлексот на уставните решенија во измените на ЗКП по однос на мерката притвор;
-Функционалната поставеност на јавниот обвинител во претходната постапка;
-Правното лице субјект на казненото право;
-Донесување пресуда без главен претрес во функција на ефикасноста на кривичната постапка;
-Ефикасната примена на конфискацијата на имотот и имотната корист;
-Гаранција за поуспешна борба против криминалот.
На 7.7.2009 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
БЕСА АДЕМИ  Родена е на 23.1.1964 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е албанка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 г.
На 15.12.1990 г. започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 г. била стручен соработник во истиот суд.
Во периодот од 9.12.1999 г. до 14.6.2004 г. работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ.
На 15.6.2004 г. со одлука за избор 07-2592/1 (Сл.в. на РМ бр. 38/04 од 17.6.2004 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
Има солидно познавање на англиски јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word.
Член е на комисија за правосуден испит. СВЕТЛАНА ТРАЈЧОВСКА  Родена е на 5.4.1953 г. во Берово. Живее во Скопје. По националност е македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1976 г.
Правосуден испит положила во Скопје во април 1979 г.
Во декември 1977 г. се вработила како приправник во тогашниот Окружен стопански суд Скопје, а од април 1979 г. работела како стручен соработник во истиот суд.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје на 1.9.1982 г. и судела во граѓански оддел.
На 11.7.2002 г. со одлука за избор 07-2804/1 (Сл.в. на РМ бр.53/02 од 12.7.2002 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што до септември 2004 г. постапувала по граѓански предмети, а потоа до ноември 2005 г. судела во одделот за работни спорови. Од ноември 2005 г. повторно постапува по граѓански предмети, претседател е на совет и претседател на граѓанскиот оддел.
Во Академијата за обука на судии и јавни обвинители е избрана за ментор во областа на граѓанското право.
На 19.11.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
Има солидни познавања на српски, хрватски и бугарски јазик, а делумно познавање на француски јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word.
РИСТО КАТЕВЕНОВСКИ  Роден е на 25.1.1957 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е македонец.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1984 г.
Правосуден испит положил во Скопје во април 1987 г.
Од 1.1.1986 г. работел како приправник и стручен соработник во тогашниот Општински суд за прекршоци Скопје.
Првпат бил избран за судија во Основен суд Скопје I Скопје на 27.6.1996 г. До јануари 2003 г. судел во истражно одделение, а потоа бил кривичен судија се до февруари 2006 г. од кога постапувал по прекршочни предмети.
На 11.2.2008 г. со одлука за избор 07-316/1 (Сл.в. на РМ бр.22/08 од 14.2.2008 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапува по предмети во кривичниот оддел.
Учествувал на повеќе семинари во земјата и странство. Во Академијата за обука на судии и јавни обвинители е избран за ментор во областа на кривичното право.
На 19.11.2009 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
ЕМИЛИЈА ИЛИЕВСКА  Родена во Скопје на 28.10.1962 година. Образование: Дипломиран правник со завршен Правен факулет во Скопје - 27.03.1987 година; Положен правосуден испит во Скопје - 18.10.1989 година. Работно искуство: Приправник - волентер во Општинско јавно обвинителство во Скопје и во Општински суд Скопје II во Скопје од 1987 година до 1989 година; Стручен соработник во Општински суд Скопје I од 1989 година до 1996 година; Судија на Основен суд Скопје I во Скопје од 27.06.1996 година до 18.04.2007; Судија на Основен суд Скопје II Скопје до 31.10.2007 година; Судија на Управен суд од 31.10.2007 година до 13.09.2010 година, кога е избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Други ангажмани и усовршување: Во организација на Constitutional & Legilslative COLPI Policy Institute Affiliated with the Open Sosiety Institute има завршено COLPI - CEU LEGAL STUDIES DEPARTMENT 1997 Course of The Business Law; Во рамките на проектот Техничка помош за поддршка на формирањето на Институт за обука на Правосудството има учество во Pilot Training Seminar in EU Law; Во организација на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија завршена Првична интензивна обука на судиите избрани во Управен суд; Со поддршка на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, во рамките на Проектот за билатерална македонско - француска соработка во областа на правдата и едукацијата на судиите и јавните обвинители, учество на семинар на тема „Европската димензија и предизвици на управното судство во Република Франција и Република Македонија“; Во организација на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и UNHCR учество на семинарот - Вовед во правото на бегалци I: Суштинска анализа и процедурални гаранции кај барањата за азил; Во организација на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и Германската фондација за меѓународна правна соработка учество на семинар со теми: Развој на правото од страна на управните судови: примена на општи принципи и одлуки на случаи без експлицитни решенија во пишаните закони; Практични искуства во Македонија и во Европската Унија, со посебен осврт на СР Германија и Република Чешка; Генерални начела на избирачкото право и нивна практична имплементација; Искуства од судската пракса во Македонија, Германија и Република Чешка како и учество на тренингот за националното и Европското право за јавните набавки; Информативна посета во Германија на тема „Практика на управното судство во Германија“; Во организација на ТАIEX програмата учество на семинар - работилница во Будимпешта на тема „Asilium and migration low for judges workshop“. ФАИК АРСЛАНИ  Роден на 17.01.1959 година во с. Добридол –Гостиварско.
Од 1978-79 година до 1982-83 година студент при Правниот факултет во Нови Сад, САП Војводина, СФРЈ Југославија.
Од 1.06.1984 година до 4.07.1988 година - вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар.
Од 5.07.1988 година до 30.06.1996 година - претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар.
Од 1.07.1996 година до 12.05.2001 година - судија при Основниот суд Гостивар.
Од 13.05.2001 година до 30.06.2003 година - Министер за Локална самоуправа при Владата на Република Македонија.
Од 1.07.2003 година до 31.07.2008 година –адвокат со седиште во Гостивар , регистриран при Адвокатска комора на РМ.
Од 1.08.2008 година – член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието на РМ, објавен во Сл. Весник бр.96 од 31.07.2008 година.
Од 09.10.2009 година на правниот факултет во Приштина се стекнал со диплома за посдипломски судии и со степен на наобразба м-р по правни –управни науки.
Од септември 2010 година судија на Врховниот суд на Република Македонија.
МИЛКА СТЕФКОВА  Родена е на 18.10.1951 г. во Прилеп. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 21.3.1975 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 15.6.1976 г.
На 15.5.1975 г. се вработила како судски приправник во тогашното Окружно јавно о обвинителство Скопје, а од јуни 1976 г. работела како стручен соработник во истото обвинителство.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 26.12.1979, каде судела кривични предмети во прв степен.
На 1.11.1988 г. била избрана за судија во тогашниот Окружен суд Скопје, каде што исто така работела во кривичниот оддел.
На 13.03.1996 г. со одлука за избор 08-991/1 (Сл.в. на РМ бр.14/96 од 20.3.1996 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по кривични предмети, претседател е на совет, претседател е на Кривичниот совет во Судот, претседател е на Кривичниот оддел во Судот и е определена да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.
на 15.07.2011 година со Одлука бр.07-1314/1 е избрана за судија во Врховниот суд на РМ.
ЈЕЛИЦА КРСТЕВСКА  Правен факултет завршила 1984 година,
Правосуден испит - 1987 година,
Движење во служба:
- 1986 - 1987 година - приправник во Окружен суд Скопје,
- 1987 - 1996 година - стручен соработник во Окружен суд Скопје,
- 1996 - 2007 година - судија во Основен суд Скопје II Скопје,
- За судија во Управен суд е избрана во октомври 2007 година
- на 15.07.2011 година со Одлука бр.07-1314/1 е избрана за судија во Врховниот суд на РМ.
СОЊА ГРУЕВСКА - Генерален секретар  Родена е на 17.9.1959 година во Скопје.
Основно и средно образование завршила во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1983 година.
По дипломирањето на Правниот факултет, вработена е во Окружниот стопански суд во Скопје.
По полагањето на правосудниот испит во 1985 година продолжила да работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд во Скопје.
Во 1988 година вработена е како стручен соработник во Врховниот суд на Република Македонија во Одделот за граѓански дела, а потоа во Одделот за управни спорови.
Во тој период секретар е на Одделот за управни спорови.
Од 25.7.2000 година работи на местото шеф на Кабинетот на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија.
Во 2001 година е наименувана за Генерален секретар на Врховниот суд на Република Македонија.
Учествувала на повеќе семинари во земјата и странство.
Активно го говори англискиот јазик.
|
|
ПОРАНЕШНИ СУДИИ
Васил Калајџиевски 1945 - 1945 Претседател 1945 - 1946 Коста Тасев 1945 - 1948 Претседател 1946 - 1948 - 1967 - 1975 Претседател 1967 - 1975 Панта Марина 1949 - 1955 Претседател 1949 - 1951 - 1967 - 1967 Претседател 1967 - 1967 Мито Димитриевски 1951 - 1951 Претседател 1951 - 1951 Александар Филиповски-Главински Миладин Штијанов-Чапаровски Димитар Солев 1973 - 1988 Претседател 1982 - 1988 Кочо Тулевски 1975 - 1982 Претседател 1975 - 1982 Тихомир Велковски 1979 - 1994 Претседател 1987 - 1994 Димитрие Димишковски 1995 - 2000 Претседател 1995 - 2000 Лилјана Ингилизова Ристова Васил Грчев 2001 - 2006 Судија - функција во мирување Владимир Стојаноски 2010 - 2011 Судија - функција во мирување
|
|
| |
|
|