Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  05.11.2023

С О О П Ш Т Е Н И Е   З А   Ј А В Н О С Т

Во врска со наводите истакнати на прес конференција одржана на 05.11.2023 година, од страна на ТД ФИНЕ Скопје, Апелациониот суд Скопје, во интерес на вистината и објективното и транспарентно информирање на јавноста во врска со постапувањето на Судот по посочениот предмет КОКЖ-157/22, во јавноста познат како „ТНТ“ ги презентира следниве факти:

На ден 30.11.2022 година, во Апелациониот суд Скопје е примен и заведен предметот КОКЖ-157/22 кој веднаш преку АКМИС е доделен во работа на судија известител Енвер Беџети, кој согласно Годишниот распоред за работа на судските совети за 2022 година е распореден да постапува, меѓу другото, и по предмети од организиран криминал.

На ден 29.12.2022 година, тогашниот в.д. претседател на Судот, судија Лидија Димчевска по одржана Седница на судии, донела Годишен распоред за работа на судските совети за 2023 година, со кој судијата Ѓоко Ристов во Кривичниот оддел на Судот е распореден да претседава со совет од петмина судии.

На ден 24.01.2023 година, тогашниот в.д. претседател на Судот, со Измена и дополнение на Годишниот распоред за работа на судските совети за 2023 година го прераспоредува судијата Енвер Беџети да постапува по прекршочни предмети, по што од страна на исто така, тогашниот в.д. претседател на Судот, на ден 31.01.2023 година е донесена Наредба за автоматска прераспределба на сите предмети кои останале како незавршени во работа кај судијата Енвер Беџети, меѓу кои и предметот КОКЖ-157/22.

Наредбата е спроведена на ден 01.02.2023 година, кога по пат на автоматска прераспределба предметот КОКЖ-157/22 е доделен во работа на судијата Ѓоко Ристов, кој веќе претседава со совет од петмина судии.

По исполнување на условите за старосна пензија, судијата Лидија Димчевска е разрешена од судиската функција и за вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје, на ден 03.02.2023 година е назначена судијата м-р Мери Дика Георгиевска.

По превземање на функцијата вршител на должност Претседател на Апелационен суд Скопје, судијата м-р Мери Дика Георгиевска нема превземено ниту едно дејствие во насока на прераспределба на предметот кој и понатаму останал во работа кај судијата известител, кој воедно е и претседател на советот од петмина судии кој постапува по конкретниот предмет.

 

Апелационен суд Скопјев

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_