СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  19.12.2022

Поради мноѓубројните шпекулации во јавноста изминатите денови во врска со постапувањето на судечкиот совет при Апелациониот суд Скопје, го доставуваме следното појаснување

            Предметот на Основен кривичен суд Скопје КОК бр. 47/17 и 39/18 е доставен на одлучување во Апелациониот суд Скопје, по поднесените жалби на ОЈО и на обвинетите, на ден 08.10.2021 година, кога согласно Автоматската распределба на предметите истиот е доделен на постапување на судија-известител. На ден 14.10.2021 година, предметот со сите списите е  доставен до Вишото јавно обвинителство Скопје, заради разгледвуање и достава на предлог по повод изјавените жалби. На ден  30.11.2021 година списите на предметот се вратени во Апелационен суд Скопје, по што на ден 21.01.2022 година е издадена наредба за закажување на јавна седница за ден 07.03.2022 година.

            По одржаната јавна седница на ден 07.03.2022 година, заради одлучување по жалбите, советот на овој суд повеќе пати заседаваше со оглед дека се работи за сложен предмет, во кој има повеќе обвинети лица со повеќе кривични дела и обемен доказен материјал.

            Одлуката по предметот е донесена на нејавен дел од седница, на ден 05.12.2022 година, кога е составен и потпишан записник за советување, а со оглед дека спрема дел од обвинетите биле определени мерки за обезбедување присуство, советот на Апелациониот суд Скопје во смисла на член 436 став 5 од ЗКП, одлучи и по однос на мерката притвор односно куќен притвор спрема дел од обвинетите. По изготвувањето и верифицирањето на решенијата за мерката притвор односно куќен притвор,  истите се доставени до првостепениот суд на понатамошно постапување и истиот ден е издадено соопштение за јавноста за донесената одлука.

            Имајќи предвид дека согласно Законот за управување со движење на предметите во судовите од 16.02.2020 година, се анонимизираат и објавуваат на веб сајтот на судот, само правосилните одлуки, а во конкретниот случај како првостепената одлука е укината со Решение, Апелациониот суд Скопје нема законска можност, неправосилните одлуки јавно да ги објавува на веб сајтот на судот.

            Заради големиот интерес на јавноста, советот на Апелациониот суд Скопје, информира дека првостепената пресуда е укината поради сторени суштествени повреди на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11, став 2 и став 3 од ЗКП како и повреди на кои судот внимава по службена должност во смисла на член 427 в.в. член 375 од ЗКП, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на материјалното право.

             Имено,  внимајќи по службена должност  советот на Апелациониот суд Скопје утврди дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок, односно во изворникот на пресудата нема опис на противправните дејствија за секој од обвинетите. Ова особено што писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно  јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен каратер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување.

            Воедно, фактите кои што ги земал за утврдени првостепениот суд, а по однос на дејствијата на извршување на обвинетите, не соодветствуваат со доказите изведени на главната расправа пред првостепениот суд, по однос на наодите и мислењета на вештите лица на Јавниот обвинител и одбраната, како во делот на дејствијата по однос на следењето на комуникациите, така и  по однос на вредноста на уништената опрема.

            Иако судот по службена должност внимава на роковите за застареност на кривичното гонење, со оглед на причините поради кои е донесена одлуката, не се впушти во мериторно одлучување по однос на застаресност на дел од кривичните дела, која всушност и не настапила пред овој суд.

            Покрај наведените, советот утврди и други процесни повреди, за што овој суд детално образложение на сите причините ќе даде во писмено изготвената одлука, со соодветни напатствија до првостепениот суд.

 

                                                                                 Апелационен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_