СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Njoftim për opinionin  |  5 Sht 2018

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ
04.09.2018 година
Скопје

 

           Во врска со наводите истакнати на денешната прес-конференција, од страна на обвинетиот Н. Г., во врска со предметот познат во јавноста како „Тенк“, Апелациониот суд Скопје, го дава следното

 

 СООПШТЕНИЕ

    Апелациониот суд Скопје, во целост ги демантира наводите изнесени на  прес-конференцијата.

     Наводите на обвинетиот се во целост невистинити, исконструирани и тенденциозни со цел да се дискредитира судот  и да создаде лажна перцепција во јавноста дека судството е под притисок на власта и носи нарачани одлуки.

   Тврдењето на обвинетиот Н. Г. на прес-конференцијата дека поседува сигурни извори  дека судиите на Апелациониот суд Скопје биле повикувани поименично еден по еден кај ВД Претседателот на судот, дека подлегнале на притисоци и дека веќе е донесена одлука за негова осуда, за предмет за кој сеуште е во тек јавната седница, претставува груба невистина и манипулација со јавноста.

        Во оваа прилика, сакаме да ја информираме јавноста дека предметот  е распределен кај судијата известител согласно АКМИС системот, а советот постапува според годишниот распоред за работа на судиите донесен од страна на Претседателот на судот, согласно Судскиот деловник.

        Јавната седница е закажана  согласно Закон, по барање на обвинетите и нивните бранители за која беа определени два дена, со цел одбраната и обвинетите да ги изнесат нивните наводи во врска со обжалената пресуда. Времетраењето на јавната седница одржана на 31.08.2018 година беше пролонгирано поради последователни - едно подруго поднесувани барања на одбраната за изземање на судиите, со јасна цел истата да не се одржи, поради која причина и се одолговлекуваше траењето на јавната седница, а која по нејзиното започнување беше прекината  и за продолжението на истата  дополнително  беше определен  уште еден  термин , усогласен со одбраната и обвинетите.

 

                                                                                                       Апелационен суд Скопје

 

 

   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_