ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  17.3.2020
На одржаниот колегиум на судии на Основен суд Кавадарци, на ден 17.03.2020 година, согласно препораките на Владата на РСМ за начинот на извршување на надлежностите на судовите за времетраењето на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, усвоен е План за постапување со судските предмети и начин за реализација на судските рочишта во Основен суд Кавадарци, при што ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ за следното:

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА!

 

На одржаниот колегиум на судии на Основен суд Кавадарци, на ден 17.03.2020 година, согласно препораките на Владата на РСМ за начинот на извршување на надлежностите на судовите за времетраењето на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирус COVID-19, усвоен е План за постапување со судските предмети и начин за реализација на судските рочишта во Основен суд Кавадарци, при што ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ за следното:

Се одложуваат сите судења, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се:

    • предмети кои се пред застарување,

    • предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство,

    • предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок,

    • предмети кои се стасани до изрекување пресуди,

    • предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Недоаѓањето на странките, нивните застапници и полномошници за предметите кои се одложени нема да предизвика никакви правни последици во периодот додека траат мерките со препорака за превенција од COVID 19 во интерес на заштита на јавното здравје.

За повеќе информации во врска со извршувањето на надлежностите на судот и постапувањето во судските предмети за периодот на времетраењето на мерките за превенција, можете да се обратите на следните телефони: 043 413 150 и 075 203 877

Обрасци на барањата за издавање на потврди и уверенија коишто се во надлежност на судот, како и сметката на судот каде се уплаќа судска такса, објавени се на интернет страната на судот на линкот за Oбрасци и формулари:

Барањата за издавање на потврди и уверенија можат да се поднесат електронски на е-маил адресата на судот contact@oskavadarci.gov.mk

Потврдите и Уверенијата судот ќе ги издава на дневна основа, а граѓаните ќе можат да ги подигнат секој работен ден во 15 часот со приложување на барањето во писмена форма и доказ за уплатена судска такса.

 

Со Почит,

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_