ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/21

Новости  |  17.12.2021

 

             Врз основа на член 17 став 1, член 20 став 1 алинеја 1 и член 25 од Законот за судска служба (Сл.Весник на РМ бр.,198/18 и 248/18) и Правилникот за форма и содржина на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови во постапката за селекција во зависност од категориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл. Весник на РМ бр. 236/18), Основен суд Кичево, објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/21

За вработување судски службеници на неопределено време, за следните работни места:

 

1.Шифра СУД0101А02004,Категорија А, Ниво А2,Судски администратор - 1 (еден) извршител

Посебни услови за работно место утврдени согласно чл.9 ст.3 од Закон за судска служба и со Правилникот за систематизација на работните места во Основен суд  Кичево.

Стручни квалификации:

- Стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет и положен правосуден испит.

 Работно искуство:

- Најмалку 6 години работно искуство во струката по положен правосуден испит.

Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 40.400,оо денари. Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; Работни денови: од Понеделник до Петок.

2.Шифра СУД0101Г04001, Категорија Г, Ниво Г4, Помлад судски референт-извршител во писарница - 1 (еден) извршител

Посебни услови – потребни стручни кавалификации и компетенции:

- најмалку средно или вишо образование

- со или без работно искуство во струката

Нето платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.900,оо денари. Работни часови неделно: 40 часа; Работно време од 07:30 до 15:30; Дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот; Работни денови: од Понеделник до Петок.

Посебни работни компетенции:

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), 

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работните места за соодветното работно место.

Напомена: Кандидатите за судски службеници во постапката за вработување преку јавен оглас, активното познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски), ќе го докажуваат со полагање испит за судски службеник - дел за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски).

Општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик

- да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

- да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

Кандидатите се должни да се пријават на огласот со Пријава за вработување на судски службеник и истата можат да ја подигнат во Основен суд Кичево  од приемна писарница или да ја симнат од веб страната на судот и www.oskicevo.mk во рубрика формулари-документи.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кон пријавата кандидатите задолжително ги доставуваат доказите за податоци внесени во истата :

- уверение/диплома за завршен степен на образование;

- доказ за работно искуство

- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)

- лекарско уверение за општата здравствена состојба (не постаро од 6 месеци)

- уверение или потврда дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (од судот не постаро од 6 месеци) 

- диплома, сертификат или уверение како доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Се напоменува дека кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови (за стручните квалификации, работното искуство и посебните работни компетенции) кандидатите се должни да ги достават непосредно преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака за Оглас бр.1/21,  на следната адреса: Основен суд Кичево ул.„Бул.Ослободување„  бр.17

Рокот за пријавување трае 15 (петнаесет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници (не сметајќи го денот на објавувањето).

Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на судски службеник, на интернет страницата на Основен суд Кичево.

 

                                                                                               ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО

 

 

Пријава за вработување на судски службеник 

                                             

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_