УПАТСТВО за штедење на електрична енергија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

УПАТСТВО за штедење на електрична енергија

Новости  |  05.9.2022

Претседателот на Основен суд Охрид, Васил Баткоски, постапувајќи по Препораките за заштеда на електрична енергија до 15%, заради прогласената енергетска криза на 74-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 25.08.2022 година, за периодот 01 септември 2022 година до 31 март 2023 година, а со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија во Основен суд Охрид, согласно препораката, на ден 05.09.2022 година,  го донесе следното:

 

У П А Т С Т В О

 

1.  Да не се користи осветлување во  канцелариите кога има доволно дневна светлина, а кога се напушта просторијата (канцеларија, санитарен чвор, судница, архива), задолжително да се исклучуваат светилките .

2.  Да се намали бројот на сијалични места во ходниците ,холовите во зградата како и одредени други  простории, по проценка на Претседателот и Судскиот администратор.

3. Да се исклучат од употреба фрижидерот и бојлерите за греење на топла вода во санитарните чворови, освен за потребата на хигиеничарите.

4. Проветрувањето на просториите да биде кратко и интензивно, а за време на проветрувањето , климите да бидат згаснати.

5. Во сезона на ладење температурата на клима уредите да не биде пониска од 27 степени, а во сезона на греење не повисока од 20 степени и истите да се користат рационално и економично.

6. Канцелариите кои не се користат да се заклучат и да се исклучи парното греење.

7. Судниците да се користат само во време на одржување на закажани рочишта и по завршување на истите, да се исклучат компјутерите, светилките , клима уредот и парното греење.

8. Забрането е користење на  судниците по завршување на рочиштата или во денови кога нема закажано рочишта, освен кога постои основана потреба за која согласност дава Претседателот на судот или Судскиот администратор.

9. Да се исклучуваат сите компјутери по завршувањето на работното време, а судските референти - дактилографи компјутерите и светилките во судниците  да ги исклучуваат по завршување на судењата и работните задачи поврзани со нив.

10. Принтерите и фотокопирот да се користат рационално и еконимично.

11.  Забрането е извршување на работни задачи по завршување на работното време, освен во случаи предвидени во Закон, Судскиот деловник и Куќниот ред или по овластување на Судскиот администратор.

12. Контролата на споведувањето на оваа наредба ќе се врши од страна на Претседателот на судот, судскиот економ и судскиот полицаец кој е прва смена на работа, а по завршување на работното време дежурниот припадник на судската полиција. Командирот на судската полиција е должен да врши секојдневна контрола во просториите во приземје, и најдоцна до 5-ти во месецот, за претходниот месец, да достави извештај до претседателот на судот.

13. Во делот на парното греење контролата на споведувањето на оваа наредба ќе ја врши службеникот задолжен за  одржување на системот за парно.

14. Непостапувањето по оваа наредба претставува повреда на работните обврски.

15. Оваа наредба влегува во сила со денот на донесувањето и ќе се применува од 05.09.2022 година па се додека се на сила препораките од Владата на РСМ.

                                                                                                                                             Претседател на судот,

                                                                                                                                                     Васил  Баткоски

 

Доставено на :

Судии на службената емаил адреса

Судска служба

Државно правобранителство

Канцеларија за пробација

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_