СООПШТЕНИЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

Известувања  |  18.3.2020

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
              ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП
                Су бр.67/2020
              18.03.2020 година


СООПШТЕНИЕ

ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП  СО МЕРКИТЕ И ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ КОВИД 19
 
 
 
Почитувани,
 

Согласно заклучоците и препораките од 20 седница  на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведување на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на  КОВИД-19 (корона вирус), препораките од Министерството за здравство,  како и одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19 донесена од Судскиот совет на Република Северна Македонија  под број 02-606/1 од 17.03.2020 година,

СЕ ОДЛОЖУВААТ закажаните рочишта и расправи по предметите на Основен  суд Прилеп, со исклучок на судските предмети  од итен  карактер и тоа:
-    предмети кои се пред застарување;
-    предмети во кои се изречени мерки притвор или друга мерка за обезбедувањее на присуство на обвинетиот во постапката;
-    предмети за примена на времени мерки;
-    предмети за кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок;
-    предмети кои по сила на закон се итни;
-    кривични предмети со странки кои немаат живеалиште односно престојувалиште во Република Северна Македонија а се затекнати во државата.
-    Прекршочни предмети од итна природа;
-    Прием на поднесоци што се врзани за законски и преклузивни рокови
-    Предмети во кои постапката е во фаза на донесување на одлука.
-    Кривични предмети за кривични дела „Пренесување заразна болест“- чл.205 од КЗ, „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ – чл.206 од КЗ,  „Неукажување медицинска помош“ – чл.208 од КЗ, „Спречување службено лице вво вршење службено дејствво“-чл.382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“ – чл.383 од КЗ, „Организиран отпор“ – 387 од КЗ.

Со оглед на наведеното, нема да биде дозволен влез на неслужбени лица во просториите на Основен суд, освен на лица со уредна покана и претходна најава, поради присуство во судот во врска со означениот вид на предмети од итна природа.

За денот и часот на одржување на сите одложени рочишта и расправи странките ќе бидат дополнително известени со доставување на покана од страна на судијата кој постапува по секој поединечен предмет.

Контролата и легитимирањето на лицата на влезовите во Основен суд ќе ја вршат припадниците на судската полиција  согласно правилата на службата, коишто по извршената безбедносна проверка ќе ги упатуваат лицата во соодветните простории на судот.

Се укажува на лицата кои е потребно да присуствуваат во судот во врска со предметите од итна природа  пред влегување во судската зграда да извршат дезинфекција на обувките и рацете  со дезинфекциско средство поставено  пред просторијата на судската полиција.

Основен суд Прилеп  укажува дека ваквите мерки се неопходни за заштита на здравјето и животот на граѓаните..

Упатуваме апел во претстојниот период да се користат алтернативните начини на комуникација со судот, по пошта или електронски пат.

Барањата за издавање на потврди и уверенија можат да се поднесат електронски  на е-маил адресата на судот  info@osprilep.mk. Потврдите и уверенијата судот ќе ги издава секој работен ден во временскиот период од 14,30 до 15,оо часот на шалтерот  на судската полиција на влезот во судската зграда со приложување на барањето во писмена форма и доказ за уплатена судска такса. Обрасците  на барања за издавање на потврди и уверенија и сметката на судот на која се уплаќа судската такса, објавени се на интернет страната на судот на линкот  Обрасци и формулари.
 


                  Со почит,

       ОСНОВЕН СУД ПРИЛЕП

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_