Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Соопштенија за јавност  | 08.4.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Во однос на изјавите за предметот со КОК бр. 49/20 познат како „Меѓународен сојуз“ дадени по вчерашното објавување на пресудата за истиот предмет, судот во координација со Здружението на судии – подружница на Основен кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека: [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 07.4.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Основниот кривичен суд Скопје, ја информира јавноста дека судот целосно го почитува Уставно загарнтираното право на протест на судските службеници кои денеска излегоа на предупредувачки – дво часовен штрајк пред зградата на Кривичниот суд. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 31.3.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Основниот кривичен суд Скопје, во рамки на програмата за одбележување на Денот на правосудството во РСМ – 31 Март, ја информира јавноста дека изминатава недела судот организираше три факултативни посети од страна на ученици од Основните училишта „Стив Наумов“ од Скопје и „Наим Фрашери“ од Куманово како на студентите од Факултетот за безбедност – Скопје. Учениците и студентите имаа можност да се запознаат со начин на работа на судот, судиите и судските служби, безбедносните протоколи и техничката опрема во судниците. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 30.3.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“, насрочена за денеска ( 30.03.2022 год. ), се презакажува за 21.04.2022 година од 10:00 часот. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 25.3.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека oбјавата на пресудата за предметот со КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик“ закажана за 28.03.2022 год. се презакажува за 05.04.2022 година од 13:00 часот во Судница 1. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 18.3.2022 | Основен суд Скопје I

    ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ бр. 3/2022

    Врз основа на чл.2, чл.3 ст.3, чл.119 и чл.120 ст.1 и 3 од Законот за судска служба (Сл.в. на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18), како и чл. 90 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен кривичен суд Скопје и известувањето од Министерството за финансии бр.18-10221/2 од 21.12.2021 година и бр.18-10221/4 од 10.01.2022 година ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ објавува ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/2022 за вработување 2 (два) припадници на судска полиција на неопределено време [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 10.3.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека на денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 138/21 познат како „Дизајн“, поврзан со набавката на автобуси за јавен превоз, обвинетите М.Ј., С.Ф.П. и Ј.Ј.А. своеволно ја признаа вината за кривичното дело кое им се става на товар. [повеќе]
  • Новости, Соопштенија за јавност  | 08.3.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Со оглед на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт поврзан со сообраќајната несреќа која на 20.01.2022 година се случи пред трговскиот центар Сити мол во Скопје, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост. [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 08.3.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Известување до медиумите, невладините организации и странките во постапката со КОК бр. 28/22 во јавноста познат како „Титаник“ [повеќе]
  • Соопштенија за јавност  | 28.2.2022 | Основен суд Скопје I

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

    Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со К.бр. 2616/20 познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека по барање на надлежниот Јавен обвинител, кој заради службени обврски неможе да присуствува на расправата насрочена за 01.03.2022 година, судењето се презакажува. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_