ДЕМАНТ НА РЕПУБЛИКА.МК [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ДЕМАНТ НА РЕПУБЛИКА.МК

Соопштенија за јавност  |  11.2.2022
Во однос на текстот на порталот Република.мк, со наслов „Голем број граѓани се појавија пред судот, но не им дозволија да го следат судењето на Бојан Јовановски“, ја информираме јавноста, но и Уредништвото на порталот, дека на денешната главна расправа во судницата им беше дозволено следење и снимање на сите заинтересирани новинари кои со решение на Врховниот суд на РСМ , дојдоа на расправата.

Меѓу другите, во текот на судењето во судницата присутен е и репортерот на република.мк Игор Чавески на кој му се обезбедени сите услови за известување од расправата како и фотографиреање во судницата. Освен новинарите на судењето присутни се и претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Коалицијата – Сите за правично судење, како и граѓани кои побараа да го следат судењето и кои уредно се пријавија пред судската полиција, што е видно и од самите фотографии и снимки кои се веќе објавени во медиумите, а меѓу кои и фотографиите на репортерот од република.мк.

Во тој правец, како суд не ни е јасна потребата за вакви очигледни манипулации со јавноста преку новинарски текстови.

Ваквите тектстови нема да го поколебаат Кривичниот суд во неговите заложби за отворено и транспарентно работење во јавноста, а за денешниот обид за манипулација со фактите судот ќе ги извести Судско медиумскиот совет и здруженијата на новинари.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_