Одлука за избор по јавен оглас 2/21 за Самостоен референт - извршител во одделение за информатика [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по јавен оглас 2/21 за Самостоен референт - извршител во одделение за информатика

Новости  |  11.2.2022
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   СУ-07.бр.83/21-7
     10.02.2022 год.
          В Е Л Е С         
                                   
            Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/21, за вработување на судски службеници на неопределено време, за работно место Самостоен референт-извршител во одделение за информатика категорија Г, ниво Г1, 1 (еден) извршител, по доставениот Предлог на кандидат за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.10/22-4 од 31.01.2022 година и добиеното известување од Министерство за финансии СУ-04.бр.78/21-15 од 10.02.2022 год. дека согласноста за обезбедени финансиски средства за вработување бр.18-10215/2 од 03.12.2021 год. се прогласува за важечка во делот во кој не е реализирана и во 2022 година, на ден 10.02.2022 година, ја донесе следната:
 
О  Д  Л  У  К  А
 
            За работно место Самостоен референт-извршител во одделение за информатика категорија Г, ниво Г1, 1 (еден) извршител,  се избира кандидатот:
 
                    УБАВКА ЈОВАНОВА
                       
            За избраниот кандидат ќе се донесе решение за вработување.
 
О б р а з л о ж е н и е
           
            Од страна на Основен суд Велес во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на ден  15.12.2021 година, објавен е Јавен оглас бр.2/21 за вработување на  неопределено време на судски службеник за работно место Самостоен референт-извршител во одделение за информатика, категорија Г, ниво Г1, 1 (еден) извршител.
            По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба и чл.20 од Правилникот за  формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници од страна на Комисијата за селекција за вработување до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Самостоен референт-извршител во одделение за информатика 1 (еден) извршител, СУ-04.бр.10/22-4 од 31.01.2022 година.
            Со Предлогот на кандидат за вработување, Комисијата за селекција за вработување го предложи кандидатот Убавка Јованова од Велес како единствен рангиран кандидат на ранг листата со освоени 83,99 бода во сите фази на селекцијата.
            Судскиот администратор имајќи го во предвид предлогот на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.10/22-4 од 31.01.2022 година, за работното место Самостоен референт-извршител во одделение за информатика категорија Г, ниво Г1, 1 (еден) извршител, го избира кандидатот Убавка Јованова од Велес.
            Поради наведеното, согласно чл.36 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
 
 Судски администратор
                                                                                                                                                                                                Сузана Варналиева

 

ПРАВНА ПОУКА:
                            Против оваа одлука дозволена е жалба до Советот на судска служба.
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_