Одлука за избор по интерен оглас 2/2020 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по интерен оглас 2/2020

Новости  |  28.12.2020
  ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   СУ-07.бр.90-7/20
     28.12.2020 год.
          В Е Л Е С         
                                   
            Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.43 ст.1 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) по спроведената постапка по Интерен оглас бр.2/20, за унапредување на судски службеник, за работно место Раководител на одделение за информатика, 1 (еден) извршител, по доставениот Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување СУ-04.бр.146-4/20 од 28.12.2020 година, на ден 28.12.2020 година, ја донесе следната:
 
 
О  Д  Л  У  К  А
 
            За работно место Раководител на одделение за информатика  категорија Б, ниво Б4, 1 (еден) извршител,  се избира кандидатот:
 
                   ВЕРОНИКА МАРТИНОВСКА
     
            За избраниот кандидат ќе се донесе решение за унапредување.
 
 
О б р а з л о ж е н и е
           
            Од страна на Основен суд Велес на веб страната на судот на ден 21.12.2020 год. објавен е Интерен оглас бр.2/20, за унапредување на судски службеник, за работно место Раководител на одделение за информатика, 1 (еден) извршител.
 
            Од страна на Комисијата за селекција за унапредување согласно чл.6 ст.4 од  Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас до судскиот администратор доставена е Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување СУ-04.бр.146-4/20 од 28.12.2020 год.
 
            Со Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување, Комисијата за селекција за унапредување го предложи кандидатот Вероника Мартиновска како единствен рангиран кандидат на ранг листата.
 
            Судскиот администратор имајќи го во предвид Предлогот на Комисијата за селекција за унапредување СУ-04.бр.146-4/20 од 28.12.2020 година, за работното место Раководител на одделение за информатика, категорија Б, ниво Б4, го избра кандидатот Вероника Мартиновска.
 
            Поради наведеното, согласно чл.43 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
 
                                                            Судски администратор
                                                              Сузана Варналиева
 
 
ПРАВНА ПОУКА:
                         Против оваа одлука дозволена е жалба до Советот на судска служба.
           
 
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_