ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2018 за вработување на 1 (еден) извршител на определено работно време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2018 за вработување на 1 (еден) извршител на определено работно време

Известувања  |  16.2.2018
Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 167/2015) в.в. со чл.14 и 22 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014 и 27/2016), член 5 од Правилникот за внатрешна организација на Судскиот совет на Република Македонија бр.01-1156/1 од 01.07.2016 година и чл. 11, 12 и 13 од Правилникот за систематизација на работните места во Судскиот совет на Република Македонија бр.01-1156/2 од 01.07.2016 година ...
Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 167/2015)  в.в. со чл.14 и 22 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/2014, 199/2014 и 27/2016), член 5 од Правилникот за внатрешна организација на Судскиот совет на Република Македонија бр.01-1156/1 од 01.07.2016 година и чл. 11, 12 и 13 од Правилникот за систематизација на работните места во  Судскиот совет на Република Македонија бр.01-1156/2 од 01.07.2016 година и известувањето од Министерството за финансии бр.18-861/2 од 01.02.2018 година, Судскиот совет на Република Македонија објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 1/2018

за вработување на 1 (еден) извршител на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2018)

 

1. Судски совет на Република Македонија – вработени кои вршат помошно-технички работи - Хигиеничар
Број на извршители  - 1 (еден)
Работно место: Ниво  III, А03 - Хигиеничар

Посебни услови:
-основно образование

Работно искуство:
- без работно искуство

Работно време: од 12:00 до 20:00 часот;
Дневен одмор (пауза): од 15:30 до 16:00 часот
Работни часови неделно: 40;
Работни денови: од понеделник до петок;
Времетраење  на  работниот однос:  определено  до  31.12.2018 година
Нето плата: 12.100,00 денари.

 

Кандидатите кои се пријавуваат на огласот треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Судскиот совет на Република Македонија, како и општите услови за вработување и тоа:
- да е државјанин на Република Македонија;
- да е полнолетен;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да има општа здравствена способност за работното место.

 

Заинтересираните кандидати се должни да поднесат пријава за вработување, како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или заверени на нотар.
Рокот за пријавување на кандидатите е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се должни во пријавата да наведат целосни, прецизни и точни податоци со задолжително наведување на име и презиме, адреса на живеење, контакт адреса, работното место и број на оглас за кој кандидатот се пријавува, email адреса како и телефонски број за контакт.
Заинтересираните кандидати пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку архивата на Судскиот совет на РМ или по пошта на адреса ул.„Македонија“ бр.5, Скопје, (со назнака за Јавен оглас за вработување бр. 1/2018).
По истекот на рокот за пријавување, изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во чл. 23 ст. 2 од Законот за работните односи.
Ненавремени и неуредни пријави нема да бидат предмет на разгледување.
 
СУДСКИ СОВЕТ НА РМ
Претседател
Зоран Караџовски

Бр.04-278/1  
13.02.2018 годинa