Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  19.2.2018
Судскиот совет на Република Македонија на 272-та седница одржана на 15.02.2018 година дискутираше...

СООПШТЕНИЕ


      Судскиот совет на Република Македонија на 272-та седница одржана на 15.02.2018 година дискутираше во врска со последните објави во медиумите за работата на Судскиот совет на Република Македонија.
      Во текот на дискусијата се констатираше дека во емисијата Топ Тема на Ваша Страна на телевизија Телма од 12.02.2018 година од страна на водителот-новинар, како и од поголемиот дел од гостите во неговата емисија не се почитуваа професионалните и етички стандарди, така што во нивните излагања беа  содржани елементи на навреда и клевета, како и говор на омраза спрема членовите на Судскиот совет на Република Македонија.
      Од тие причини, Судскиот совет на Република Македонија ќе ги извести Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинари (МАН) како и Советот  за етика во медиумите на Македонија
(СЕММ) од кои очекуваме во иднина да преземат активности согласно своите надлежности.