Соопштение од 411-та седница на Судскиот совет на РСМ - 09.08.2022 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 411-та седница на Судскиот совет на РСМ - 09.08.2022 година
Соопштенија за јавност
|
10.8.2022
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 411-та седница одржана на ден 09.08.2022 година, одлучи за следното:
- Донесена е одлука со која утврди престанок на судиска функција, на Гордана Спиреска судија на Основниот кривичен суд Скопје, сега член на Советот, поради исполнување на услови за старосна пензија.
- Донесено е Решение со кое се утврди дека гласањето за избор на нови членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите ќе се спроведе на ден 14.09.2022 година.
- Донесена е Одлука за престанок на судија поротник на Основен кривичен суд Скопје.