Соопштение од 219-та седница на Судски буџетски совет - 05.02.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 219-та седница на Судски буџетски совет - 05.02.2024 година
Соопштенија за јавност
|
06.2.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 219-та седница одржана на ден 05.02.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет разгледа повеќе точки и донесе неколку одлуки:
- Записниците од 213 седница на Судски буџетски совет одржана на ден 23.11.2023 година, 215 седница одржана на ден 21.12.2023 година и 216 седница одржана на ден 29.12.2023 година беа повлечени од дневниот ред и одложени за разгледување на наредна седница;
- Одлука за усвојување на Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2024 година;
- Одлука за усвојување на Програма за работа на Судски буџетски совет во 2024 година;
- Разгледа Известување од ОС Велес Су-05 бр.62/23-5 од 10.01.2024 година по налог за извршување И.бр.929/23 од 28.12.2023 год и известување СУ-05 бр. 9/24-1 од 26.01.2024 година по правосилна пресуда на Основен граѓански суд Скопје 60ПЛ1-ТС-602/21 од 24.02.2022 потврдена со пресуда ТСЖ-1036/22 од 01.12.2022 година.