Соопштение [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение

Соопштенија за јавност  |  04.10.2017

СООПШТЕНИЕ

      На 28 и 29 октомври 2017 година, во Подгорица - Црна Гора во организација на ОБСЕ се одржа Регионална тркалезна маса на тема „ Улогата на Судските совети во Југоисточна Европа “.

       На средбата учествуваа Зоран Караџовски – претседател на Судскиот совет на Република Македонија и Виолета Богојеска и Александра Зафировска – членови на Судскиот совет на Република Македонија, експерти, претставници од ОБСЕ, претставници на Судските совети на Србија,  Босна и Херцеговина,  Албанија и Црна Гора, како и претставници од невладини организации.

       На тркалезната маса беа дискутирани следните теми:

  • составот на Судските совети;
  • улогата на Судските совети при оценувањето на судиите;
  • улогата на Судските совети во дисциплинските постапки и
  • транспарентноста во работата на Судските совети и како влијание врз довербата на јавноста во спроведувањето на правдата.

     Од страна на делегациите-учесници на тркалезната маса беа презентирани сопствени примери, практики, со кои предизвици се соочуваат и беа разменети меѓусебни искуства за темите на дискусија.
.