Соопштение
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение
СООПШТЕНИЕ
На 28 и 29 октомври 2017 година, во Подгорица - Црна Гора во организација на ОБСЕ се одржа Регионална тркалезна маса на тема „ Улогата на Судските совети во Југоисточна Европа “.
На средбата учествуваа Зоран Караџовски – претседател на Судскиот совет на Република Македонија и Виолета Богојеска и Александра Зафировска – членови на Судскиот совет на Република Македонија, експерти, претставници од ОБСЕ, претставници на Судските совети на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, како и претставници од невладини организации.
На тркалезната маса беа дискутирани следните теми:
- составот на Судските совети;
- улогата на Судските совети при оценувањето на судиите;
- улогата на Судските совети во дисциплинските постапки и
- транспарентноста во работата на Судските совети и како влијание врз довербата на јавноста во спроведувањето на правдата.
Од страна на делегациите-учесници на тркалезната маса беа презентирани сопствени примери, практики, со кои предизвици се соочуваат и беа разменети меѓусебни искуства за темите на дискусија.
.