Соопштение од 279-та седница од 12.06.2018 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 279-та седница од 12.06.2018 година

Соопштенија за јавност  |  12.6.2018
Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 279-та седница одржана на ден 12.06.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното...

СООПШТЕНИЕ

      Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 279-та седница одржана на ден 12.06.2018 година усвои нов Дневен ред и одлучи за следното:

1. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основниот суд Крушево.

2. Донесена е Одлука за времено упатување за вршење на судиска функција на судија Зоран Стеваноски од Основен суд Прилеп во Основен суд Крушево, најдолго за период од 1 година од денот на упатувањето.

3. Донесен е Заклучок дека по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд за известител да се определува членот на Судскиот совет на Република Македонија кој е координатор за следење на работата на судот, согласно Годишниот распоред за работа на Судскиот совет на РМ.

4. Констатиран е престанок на функција на судија-поротник на Основен суд Охрид за Миленко Ламбески од Охрид, по сопствено барање.

   Констатиран е престанок на функција на судија-поротник на Основен суд Скопје 1 Скопје за Славица Трчкова од Скопје, по сопствено барање.

   Констатиран е престанок на функција на судија-поротник на Основен суд Скопје 1 Скопје за Ѓурѓена Лазева од Скопје, поради навршени 64 години.

          Точките „1“ и „2“ од Дневниот ред се повлечени.