СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  14.4.2024
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 14.04.2024 година:

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 14.04.2024 година: 

Судечкиот совет по предметот УРП.бр.77/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Работничка партија“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1021/5 од 12.04.2024 година  на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А

 

Тужбата на тужителот Работничка Партија, изјавена против Решение на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1201/5 од 12.04.2024 година, за поднесување на Листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во ИЕ број 1 и 5,  СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. 

 

Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1201/5 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА.

 

 

Судечкиот совет по предметот УРП.бр.78/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Десна“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1211/12 од 12.04.2024 година  на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А

 

Тужбата на тужителот Политичка партија ДЕСНА изјавена против Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1211/12 од 12.04.2024 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

 

Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1211/12 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА

 

Судечкиот совет по предметот УРП.бр.79/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Нова Алтернатива“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1212/8 од 12.04.2024 година  на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А

 

Тужбата на тужителот Политичка партија НОВА АЛТЕРНАТИВА Скопје, поднесена против Решение на Државна изборна комисија бр.10-1212/8 од 12.04.2024 година, за поднесување на Листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во изборна единица број 5 и 6, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. 

 

Решението на Државна изборна комисија бр.10-1212/8 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА.

 

 

 

Судечкиот совет предметот УРП.бр.80/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Работничка партија“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1211/6 од 12.04.2024 година  на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А

 

Тужбата на тужителот РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА, поднесена против Решение на Државната изборна комисија бр.10-1201/6 од 12.04.2024 година, за поднесување на Листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во изборната единица бр.2, 3 и 6, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА. 

 

Решението на Државна изборна комисија бр.10-1201/6 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА.

 

Одлуките во целост со образложение на истите ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден на Судскиот портал.

 

                                                                                                Претседател на Управен суд

                                                                                                           m-r Burim Sejdini

 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_