СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
С О О П Ш Т Е Н И Е
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 14.04.2024 година:
• Судечкиот совет по предметот УРП.бр.77/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Работничка партија“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1021/5 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Работничка Партија, изјавена против Решение на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1201/5 од 12.04.2024 година, за поднесување на Листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во ИЕ број 1 и 5, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1201/5 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА.
• Судечкиот совет по предметот УРП.бр.78/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Десна“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1211/12 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Политичка партија ДЕСНА изјавена против Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1211/12 од 12.04.2024 година, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државната изборна комисија на Република Северна Македонија бр.10-1211/12 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА
• Судечкиот совет по предметот УРП.бр.79/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Нова Алтернатива“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1212/8 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Политичка партија НОВА АЛТЕРНАТИВА Скопје, поднесена против Решение на Државна изборна комисија бр.10-1212/8 од 12.04.2024 година, за поднесување на Листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во изборна единица број 5 и 6, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државна изборна комисија бр.10-1212/8 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА.
• Судечкиот совет предметот УРП.бр.80/24, оформен по поднесена тужба од Политичката партија „Работничка партија“ од Скопје, против Одлуката бр.10-1211/6 од 12.04.2024 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следната одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА, поднесена против Решение на Државната изборна комисија бр.10-1201/6 од 12.04.2024 година, за поднесување на Листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во изборната единица бр.2, 3 и 6, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението на Државна изборна комисија бр.10-1201/6 од 12.04.2024 година, СЕ ПОТВРДУВА.
Одлуките во целост со образложение на истите ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден на Судскиот портал.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini