Слободен пристап до информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Слободен пристап до информации

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ“ бр. 13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Врховен суд на Република Северна Македонија ја изготви следната

ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Врховен суд на Република Северна Македонија ја сочинуваат следните групи на информации:
1

Информации за општи податоци

6 Судска пракса: Одлуки на Врховен суд на Република Северна Македонија, начелни правни мислења и ставови, сентенци
2 Информации за судиите на Врховен суд на Република Северна Македонија 7 Соопштенија за јавност
3 Информации за општи седници 8 Формулари и документи
4 Статистика на судот 9 Јавни набавки
5 Уставни, законски одредби, Деловник за работа, процесни закони    

Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Врховен суд на Република Северна Македонија со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Врховен суд на Република Северна Македонија или да го симнат тука.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Врховен суд на Република Северна Македонија, бул. Крсте Мисирков бб или на e-mail: fidaije.alidemi@vsrm.mk, како и на факс бр. 02/3237538.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 02/3136044.

Врховен суд на Република Северна Македонија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Фидаије Алидеми - Судски соработник .

 
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме.

 Преземање

Контакт

Фидаије Алидеми

Фиксен телефон:
02/3136044
Мобилен телефон:

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ

    Известувања  | 14.8.2019
    Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово. [повеќе]
  • Средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи

    Новости  | 16.7.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 15 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со г-дин Жарко Хаџи-Зафиров и г-а Милена Арсова, претставници од Центарот за правни истражувања и анализи и г-а Елена Готовска, претставник од компанијата PwC. На средбата присуствуваше и судија Николчо Николовски, како и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Средба со aмбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија

    Новости  | 15.7.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 12 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со Н.Е. г-дин Емилио Лоренцо Сера, амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија. [повеќе]

Сите вести