Врховниот суд на Република Северна Македонија го одбележа Европскиот ден на правдата – 25-ти Октомври [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд на Република Северна Македонија го одбележа Европскиот ден на правдата – 25-ти Октомври

Соопштенија за јавност  |  25.10.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија денес го одбележа Европскиот ден на правдата 25-ти октомври, преку организирање на отворен ден во судот со посета на ученици од средното стручно училиште САБА за администрација – право. Одбележувањето на Европскиот ден на правдата има за цел да им овозможи на граѓаните да бидат запознаени со нивните основни права и функционирањето на правосудството, како и приближување на правдата до граѓаните.

 

 

За време на посетата на Врховниот суд на Република Северна Македонија учениците беа примени во Кабинетот на Претседателот на судот, потоа присуствуваа на судење организирано во рамки на Одделот за судење во разумен рок, го посетија центарот за информатика, библиотеката на судот и кривичната и граѓанска писарница.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со организацијата и надлежноста на Врховниот суд на Република Северна Македонија, како и пошироко со функционирањето на судскиот систем во Република Северна Македонија.

За време на посетата со оглед на состојбата со КОВИД-19 се применуваа мерките за заштита од вирусот.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_