Врховниот суд е ажурен суд, констатираше Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд е ажурен суд, констатираше Судскиот совет на Република Северна Македонија

Новости, Соопштенија за јавност  |  20.2.2023
Според Извештајот на Судскиот совет на Република Северна Македонија за работата на судовите за 2022 година усвоен од страна на Судскиот совет, Врховниот суд на Република Северна Македонија е ажурен суд бидејќи го совладал приливот и го намалил заостатокот на предмети.

             

 

Во Извештајот за работата на Врховниот суд за 2022 година кој е поднесен до Судскиот совет, нотирана е ефикасната работа по предмети на Судот, динамиката на утврдувањето на начелните ставови, правни мислења и заклучоци, унапредувањето на судската практика во согласност со позитивната оценка на Европската Комисија за судот и во согласност со стандардите на Европскиот суд за човековите права.

Во Извештајот, исто така, се нотираат и податоците за целокупното административно и финансиско работење, подобрувањето на условите за работа, унапредената транспарентност и преземањето активности во поглед на независноста и ефикасноста на судството.

Според претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, ажурноста на Врховниот суд се должи на заложбите за ефикасното постапување и одлучување по предметите за кое значаен придонес има и новиот Деловник на Врховниот суд кој како клучен документ за организирањето и ажурноста на судот се донесе после 23 години.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_