Соопштение за одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  14.7.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 14.07.2021 година (среда), одржа електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

  Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 25.05.2021 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец мај 2021 година;

3.  Расправа по барањето на подносителот Леов Компани ДООЕЛ Велес поднесено преку полномошник адвокат Тони Димковски од Велес, за утврдување правно мислење по однос на правното прашање дали придонесите од пензиско иинвалидско осигурување како парично побарување застаруваат (точка одложена од 15.02.2021 година);

4. Разгледување на иницијативата на Комисијата за хартии од вредност, за изработување на сентенца во насока дека барзанските трансакции се конечни и неотповикливи, а поништување на берзански трансакции може да има само поради прекршување на Законот за хартии од вредност и прописите кои од него произлегуваат и дека во таков случај Централниот депозитар за хартии од вредност нема пасивна легитимација;

5. Расправа по правното прашање поставено од Судскиот буџетски совет под Бр.03-409/1 од 11.03.2021 година, дали додатоците на плата на припадниците на судската полиција судовите треба да ги определуваат согласно одредбите од Законот за судска служба или согласно одредбите од Колективните договори (Општиот колективен договор за јавен сектор на РМ односно Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на РСМ, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на РСМ  или и по Законот за судска служба и по колективни договори;

6.Разно;

 

По одржаната расправа:

 

По првата точка на дневниот ред, усвоен е Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 25.05.2021 година;

По втората точка на дневниот ред, усвоен е Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец мај 2021 година;

По третата точка од дневниот ред, утврди правно мислење кое ќе биде објавено на веб страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија;

По четвртата точка од дневниот ред, заклучи дека нема основ да се донесе сентенца однoсно правно мислење со оглед дека Врховниот суд на Република Северна Македонија за конкретното правно прашање има изразен правен став преку одлуки;

По петтата точка од дневниот ред, заклучи иницијативата да се разгледува на Општа седница;

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_