Претседателот на Врховниот суд со обраќање на Регионалната конференција за правото на судење во разумен рок [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд со обраќање на Регионалната конференција за правото на судење во разумен рок

Настани, Новости  |  03.6.2022
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, имаше воведно обраќање на Регионалната конференцијата за примена на Европската конвенција за човекови права и правото на судење во разумен рок, организирана од Врховниот суд во соработка со Советот на Европа и со Европската унија.

 

Претседателката Адеми во своето обраќање истакна дека на домашен план се вложуваат големи напори во насока на подобрување на системот на ефикасна заштита на човековите права и во делот на правото на судење во разумен рок.

Проблемот на неоправдано долго траење на судските постапки пред националните судови понекогаш е сериозна закана за владеење на правото. Оттука, мерките кои како држави ги преземаме на национално ниво треба да овозможат ефективни домашни лекови, да го зајакнат националниот правен поредок и да го донесат поблиску во усогласеноста со Конвенцијата и правната пракса на Европскиот суд за човекови права. Токму и препораката на Комитетот на Министри од 2004 година за унапредување на домашните правни лекови, беше основ за воведување на правното средство во Законот за судовите за судење во разумен рок, пред Врховниот суд на Република Северна Македонија. Основата од која се тргна во воспоставувањето на ова правно средство во исполнување на принципот на судење во разумен рок е идејата според која „бавната правда“ во суштина преставува изигрување на правдата и самото право на правично судење“, истакна меѓу другото Адеми во своето обраќање.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_