Претставници на Врховниот суд учествуваа на Регионален форум за владеење на правото во Тирана [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претставници на Врховниот суд учествуваа на Регионален форум за владеење на правото во Тирана

Настани, Новости  |  29.11.2022
Претставници од Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на Регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа, кој во организација на АИРЕ Центарот се одржа во Тирана, Република Албанија.

  

 

Тема на Форумот на кој учествуваа судијката Мирјана Лазарова Трајковска и судијата Африм Фидани од Врховниот суд беше посветена на прашањето за човековите права за време на вонредна состојба и за улогата на судството во согласност со Европската конвенција.

Во таа насока, на Форумот се говореше за инклузивната демократија и владеењето на правото во време на криза, за судската контрола на вонредните мерки и за идните подобрувања на судството во врска со примената на Конвенцијата.

На Форумот беше истакната важноста од имплементацијата на Европската конвенција за човекови права на домашно ниво, поттикнувањето на регионалната соработка како значаен придонес во развојот на владеењето на правото и давањето поддршка во процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_