Средба со претставници од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со претставници од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија

Новости  |  25.10.2019
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 22 октомври 2019 година, оствари средба со претставници од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, г-а Дајана Палеквин, шеф на програмата ИНЛ Политичка канцеларија и владеење на правото и г-а Челси Шинур, шеф на програмата ОПДАТ.

На средбата се разговараше за континуираната партнерска и пријателска соработка на државите во делот на правосудството, предизвиците со кои се соочува Врховниот суд на Република Северна Македонија, како и напорите кои се прават во насока на надминување на истите. Соговорниците заклучија дека заедничка цел е независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судството.

ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија го потенцираше значењето на поддршката која САД континуирано ја обезбедуваат со цел зајакнување на капацитетите на сите засегнати субјекти во правосудниот сектор.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_