Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  22.12.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 22.12.2021 година (среда), одржа електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 29.09.2021 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец август, септември и октомври 2021 година;

3. Утврдување на текст на правно мислење усвоено на седница на Одделот за граѓански дела, за стекнување на право на сопственост врз моторно возило а во врска со Заклучокот на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македнија од 14.09.2021 година;

4. Разгледување на барање за донесување на правно мислење по правното прашање дали граѓаните кои го исклучиле својот стан од системот за снабдување со топлинска енергија на Топлификација АД Скопје пред 04.09.2009 година, треба да плаќаат месечен паушал за испорачана топлинска енергија (фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија) на правното лице Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, основано на ден 27.11.2021 година, без склучен договор за меѓусебно должничко доверителски односи;

5. Разгледување на Заклучоците од работната средба на граѓанските оддели на Апелациониот суд Гостивар, Апелациониот суд Битола, Апелациониот суд Скопје и Апелациониот суд Штип, одржана на ден 06.10.2021 година и Известувањето на Одделот за судска практика во врска со истите;

6. Разгледување на барање за правно мислење, по однос на правното прашање кој орган е надлежен за спроведување и извршување на дејствија утврдени со донесени судски решенија за издавање на привремена мерка односно дали се тоа основните судови согласно одредбите од Законот за обезбедување на побарувањата или надлежни се извршителите согласно одредбите од Законот за извршување;

7. Разгледување и запознавање на Одделот за граѓански дела со барање за заземање на правен став во врска со примената на член 93-а став 5 од Законот за стечај.

8. Разгледување и утврдување на сентенца по предметите:

- Рев3.бр.150/18;

- Рев1.бр.202/18 ;

            - Рев2.бр.199/19;

            - Рев2.бр.150/19 ;

 

По одржаната расправа:

По првата точка на дневниот ред, усвоен е Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 29.09.2021 година;

По втората точка на дневниот ред, усвоен е Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец август, септември и октомври 2021 година;

По третата точка на дневниот ред, утврден е текст на правно мислење;

По четвртата точка на дневниот ред, заклучи дека не се исполнети законските услови Врховниот суд на Република Северна Македонија да расправа по правното прашање;

По петтата точка на дневниот ред, заклучи да се вратат заклучоците на апелационите судови за од нивна страна да се дефинираат правните прашања со изготвен материјал;

По шестата точка на дневниот ред, заклучи дека има основ да се расправа и да се донесе правно мислење по правното прашање;

По седмата точка на дневниот ред, заклучи дека нема основ да се утврди правно мислење бидејќи кон барањето не е приложена различна судска практика;

По осмата точка на дневниот ред, утврди сентенци по предметите Рев3.бр.150/18, Рев1.бр.202/18, Рев2.бр.199/18 и Рев2.бр.150/19;

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_