Соопштение од одржана Седница на судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Седница на судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Новости, Соопштенија за јавност  |  07.2.2023

   

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 3.02.2023 година одржа Седница на судии, на која се разгледаа предлозите во Нацрт-стратегијата за правосудниот сектор за 2023-2027 година и Планот за активности во согласност со Националната Стратегијата за спречување на корупцијата и судир на интереси 2021-2025 година и со Препораките во Извештајот на Европската Комисија.

Седницата на судии ги поддржа предлозите во Нацрт-стратегијата кои се во насока на унапредување на состојбата во судството и зајакнување на положбата и улогата на Врховниот суд како највисок суд во државата и Планот за активности во согласност со Националната Стратегијата за спречување на корупцијата и судир на интереси 2021-2025 година.

Планот за активности донесен од страна на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија се однесува на афирмацијата и примената на Кодексот за етика на судиите, континуираните активности во врска со Извештајот на Европската Комисија, ефикасното постапување по предметите од јавен интерес и унапредувањето на транспарентноста во согласност со активностите на Советот за Отворено Судство.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_