Советот за Отворено судство го усвои Деловникот за работа и избра ко-претседатели [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Советот за Отворено судство го усвои Деловникот за работа и избра ко-претседатели

Настани, Новости  |  13.7.2022
Втора седница на Советот за Отворено судство

Советот за Отворено судство денеска во Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одржа својата втора седница на која беше усвоен Деловникот за работа на Советот за Отворено судство.

На денешната седница за ко-претседатели на Советот за Отворено судство беа избрани Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Жарко Хаџи - Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи.

Во своето обраќање претседателката на Врховниот суд истакна дека Отвореното судство има за цел да ја унапреди транспарентноста на судовите и да ја зголеми довербата кај граѓаните, но и да послужи како механизам за подобрување на статусот на судството преку целосно почитување на начелото на независност во сите облици - институционална, функционална и финансиска.

На денешната седница беше нагласено дека преку Советот за Отворено судство ќе се поттикне отвореноста на работата на судовите и правосудните институции и ќе се поттикне учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на иницијативата Отворено судство во Република Северна Македонија.

Советот за Отворено судство е тело во кое членуваат претставници од сите судски инстанци и претставници на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители, Здружението на судии, Здружението на судска администрација, Центарот за правни истражувања и анализи, Институтот за човекови права, Македонското здружение на млади правници и Коалицијата „Сите за правично судење“.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_