Врховниот суд на Република Северна Македонија ги разгледа извештаите за работата на судовите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд на Република Северна Македонија ги разгледа извештаите за работата на судовите

Новости, Соопштенија за јавност  |  29.3.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија одржа проширена Општа седница на која ги разгледа извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија.

 

Проширената Општа седница се одржа со присуство на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, претседателот на Вишиот управен суд и претседателите на четирите апелациони судови во државата.

На седницата беа поканети и присуствуваа и претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева и членот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Зоран Герасимовски.

На Проширената Општа седница беше констатирано дека како во последните години, така и за извештајната 2022 година, податоците во рефератите по извештаите покажуваат дека судовите во Република Северна Македонија вложиле голем труд со што се констатира дека голем дел од судовите со постоечките персонални, материјални и финансиски услови за работа, успеале да го совладаат приливот на нови предмети, а решавале и од заостатокот со што ажурно ја завршиле 2022 година.

На оваа седница беше истакнато дека судовите 2022 година ја започнале со 96.204 предмети како остаток од претходната година. Во текот на 2022 година примени се нови 571.115 предмети кои заедно со предметите повторно во работа 5.736 и погрешно заведени 232 предмети, вкупно имале 672.823 предмети. Решени се 564.850 предмети, останале нерешени 107.974 предмети, што како крајна констатација е дека заостатокот е зголемен за 6265 предмети.

Алармантната состојба со намалениот број на судии тргнувајќи од Врховниот суд па и во сите судови, остава впечаток дека со изборот на нови судии, пополнувањето на судовите со соодветен кадар по упразнувањето на работните места, со континуирана едукација, како и со подобрување на материјалната и финансиска состојба, ќе може да се надмине затечената состојба на зголемување на заостатокот на предметите.

Заклучоците за ажурноста на судовите Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе ги донесе на следна Општа седница.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_