Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  22.4.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска Општа седница преку платформата ZOOM на 28.04.2021 година (среда), со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:

                                                                                        ДНЕВЕН РЕД

           1. Расправа по нацрт начелен став.

           2. Расправа по правно прашање – Дали поднесената ревизија треба да се отфрли како недозволена или да се одбие како неоснована во случаите кога второстепениот суд дозволил ревизија против второстепената пресуда од член 372 став 4 од Законот за парничната постапка, во спор кој според вредноста претставува побарување во спор од „мала вредност“.

           3. Расправа по правно прашање – Дозволеност на ревизија во постапки по Законот за спречување и заштита од дискриминација кога покрај непарично е истакнато и парично побарување за надомест на штета.

           4. Одлучување по барањето за повторување на решението УЗЗ.бр.4-2019 на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија од 21.09.2020 година и решението на Вишиот управен суд УПОВ.бр.16/2019 од 04.07.2019 година.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_