Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
ДНЕВЕН РЕД
1. Расправа по нацрт начелен став.
2. Расправа по правно прашање – Дали поднесената ревизија треба да се отфрли како недозволена или да се одбие како неоснована во случаите кога второстепениот суд дозволил ревизија против второстепената пресуда од член 372 став 4 од Законот за парничната постапка, во спор кој според вредноста претставува побарување во спор од „мала вредност“.
3. Расправа по правно прашање – Дозволеност на ревизија во постапки по Законот за спречување и заштита од дискриминација кога покрај непарично е истакнато и парично побарување за надомест на штета.
4. Одлучување по барањето за повторување на решението УЗЗ.бр.4-2019 на Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија од 21.09.2020 година и решението на Вишиот управен суд УПОВ.бр.16/2019 од 04.07.2019 година.