Средба со директорот на АПЈ, г-дин Илбер Села [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со директорот на АПЈ, г-дин Илбер Села

Соопштенија за јавност  |  17.1.2020
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 15 јануари 2020 година, оствари средба со г-дин Илбер Села, директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија и г-дин Лазо Матовски, раководител на Секторот за поддршка на директорот. На средбата присуствуваа и претставници од кабинетот на претседателот.

На средбата се разговараше за Законот за употреба на јазиците, создавањето на услови за негова примена и потешкотиите со кои се соочува Судот, пред се од финансиски карактер, но и потребата од соодветен кадар со цел спроведување на законските одредби кои се однесуваат на употребата на службените јазици во постапките пред судот. Г-дин Илбер Села укажа на надлежностите кои Агенцијата ги има во обезбедување на поддршка на институциите со цел создавање на услови за користење на јазичното право на сите граѓани во Република Северна Македонија.

Средбата заврши со заемно искажана благодарност и желба за успешна соработка во иднина.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_