Претставници на Врховниот суд на 17-тиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност во Брисел
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претставници на Врховниот суд на 17-тиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност во Брисел
Новости, Соопштенија за јавност
|
20.3.2023
Претставници на Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваа на 17- тиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност, кој се одржа во Брисел на 15 и 16 март.
Во врска со областите од Поглавјето 23 и активностите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на состанокот беа истакнати заложбите и активностите на Врховниот суд за ефикасноста и транспаретноста на највисокиот суд во државата, како и за работата и новините на Советот за отворено судство како исклучително важно тело за транспаретноста на судството. На состанокот, исто така, беше нагласено и значењето од утврдувањето на начелните ставови за објавувањето на неправосилните судски одлуки и за директната примена на Европската конвенција за заштита на човековите права.