Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  07.10.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 06.10.2022 година (четврток), одржа седница на Одделот за граѓански дела, на која беше предложен и прифатен следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Разгледување и усвојување на Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 12.07.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месеците јули и август 2022 година;

3. Разгледување на претставка поднесена од Адвокатско друштво Лазов Бадева Адвокати од Скопје;

4.Разно.

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

 

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 12.07.2022 година;

По втората точка на дневниот ред, ги усвои Извештаите за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месеците јули и август 2022 година;

По третата точка од дневниот ред, донесе заклучок дека наводите од претставката не произлегуваат од списите во предметот.

 

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                                                               Оддел за граѓански дела

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_