Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  14.7.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 12.07.2022 година (вторник), одржа седница на Одделот за граѓански дела, на која беше предложен и прифатен следниот:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Разгледување и усвојување на Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 30.05.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец мај 2022 година;

3. Расправа по барањето на подносителот ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, Друштво за диструбуција на електрична енергија, за донесување на правно мислење во врска со правното прашање кој орган е надлежен за спроведување и извршување на дејствијата утврдени со донесените судски решенија за издавање на привремена мерка, дали тоа се основните судовите согласно одредбите од Законот за обезбедување на побарувањата или надлежни се извршителите согласно одредбите од Законот за извршување;

4. Расправа по правното прашање за судир на надлежност помеѓу Управниот суд и Основниот суд, за поништување на одлука за разрешување на директор на Културна установа, заради воедначување на судската практика помеѓу советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија;

5. Расправа по правното прашање за примена на член 111 став 4 од Законот за административните службеници во врска со правото на додаток на плата по основ на кариера (Службен весник на РМ бр.27/14), заради воедначување на судската практика помеѓу советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија;

6. Разгледување на барањето на Јетон Тахири адвокат од Тетово, за донесување на правно мислење во врска со три правни прашања за надомест на материјална штета, за солидарен должник-одговорно лице во правното лице и за рок за поднесување на предлог за обезбедување на докази;

7. Разгледување на Иницијативата на Душко Чангов од Скопје и Техно-Интерекспорт ДООЕЛ Скопје, за донесување на правни мислења по повеќе правни прашања;

8. Расправа по правното прашање дали постои важна причина во смисла на член 61 од Законот за парничната постапка, за определување на друг стварно надлежен суд, затоа што странка или полномошник на една од странките во спорот е син на претседателот на судот, заради воедначување на судската практика помеѓу советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија;

9.Разно;

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

 

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 30.05.2022 година;

По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец мај 2022 година;

По третата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По четвртата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По петтата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По шестата точка од дневниот ред, донесе заклучок со кој барањето за донесување правно мислење не се усвојува;

По седмата точка од дневниот ред, донесе заклучок со кој барањето за донесување правно мислење не се усвојува;

По осмата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

 

 

                                                                                   Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                                      Оддел за граѓански дела

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_