Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  03.9.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска Општа седница преку платформата ZOOM на 14.09.2021 година (вторник), со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:

ДНЕВЕН РЕД

1. Одлучување по приговор, изјавен против Годишен распоред – за изменување на годишниот распоред за работа на Основниот граѓански суд Скопје за 2021 година.

2. Расправа по рефератот по повод барањето за воедначување на судска практика од Валентина Милошевска од село Старо Село, Општина Јегуновце – Тетово (одложена од 13.07.2021 година).

3. Расправа по известување по повод иницијативата за утврдување на начелни ставови и мислења по прашања од значење за обезбедување единство во примената на законите од адвокат Гоце Герасимовски од Скопје.

4. Расправа по известување по повод барање за утврдување начелно правно мислење од Претседателот на Основен суд Неготино.

5. Расправа по известување по повод барање за усогласување на судска пракса од Министерството за одбрана на РСМ – Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_