Претседателката на Врховниот суд оствари посета на повеќе судови во државата [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари посета на повеќе судови во државата

Новости  |  22.4.2024
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари посета на Алелациониот Штип, Основниот суд Штип, Основниот суд Кочани, Основниот суд Виница и Основниот суд Радовиш.

 

Во рамки на посети на кои се разгледуваа повеќе прашања од значење за работата на судовите и судството, Претседателката Адеми оствари средба со претседателот на Апелациониoт суд Штип, Тони Делев; со претседателот на Основниот суд Штип, Ацо Tасев; со претседателката на Основниот суд Кочани, Сузана Милевска; со претседателката на Основниот суд Виница, Сузана Спасова и со заменик претседателката на Основниот суд Радовиш, Лимонка Долдурова.

Претседателката на Врховниот суд со претседателите на судовите разговараше за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат судовите, потребата од кадровско екипирање и зголемување на буџетот за судовите и на судството во согласност со начелото за финансиска независност, нотираните проблеми во извештаите за работата на судовите со посебен фокус на ефикасноста, состојбата на судските згради и обезбедениот пристап за граѓаните и странките, транспарентноста согласно заложбите на Советот за отворено судство, потребата од интензивирање на средбите и состаноците за унапредување на судската практика, постапувањето со архивскиот материјал и за примената на информатичката технологија во судовите.

На работните состаноци и посети беше заклучено дека потребна е континуирана и засилена меѓусебна соработка на судовите и дека Врховниот суд како највисок суд во државата и во идниот период ќе дава поддршка на заложбите за унапредено судство и на активностите кои се засноваат на начелото на владеењето на правото и независност на судството, од законодавен, функционален и финансиски аспект.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_