Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Press realeses  |  Jun 17, 2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 15.06.2022 година (среда) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д


 

1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Кирил Стојановски преку адвокатско друштво Апостолски од Скопје.

2. Давање мислење по Нацрт - закон за вештачење, доставен од Министерство за правда.

3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Адвокатско друштво Станинов и Колевски од Скопје.

4. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Благоја Пандовски од Скопје.

По одржаната расправа, Општата седница:

По првата точката на дневниот ред во поглед на примената на член 93-а став 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за стечај (Службен весник на РМ бр.79 од 31.05.2013 година, влезен во сила на 08.06.2013 година) донесе заклучок за одржување проширена Општа седница со повикување професори од правните факултети.

По втората точка од дневниот ред даде позитивно мислење по Нацрт - законот за вештачење, доставен од Министерство за правда. Со предложениот Нацрт-закон за вештачење ќе се надминат констатираните слабости и ќе се подобрат законските одредби во насока на нивна поголема применливост, брза и ефикасна судска постапка и ќе се постигне усогласеност на овој закон со другите поврзани закони.

По третата точка на дневниот ред донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Адвокатско друштво Станинов и Колевски од Скопје, не се усвојува.

По четвртата точка на дневниот ред донесе заклучок точката на дневниот ред да се одложи.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_