Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  13.10.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 12.10.2021 година (вторник) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на Оценките и заклучоците по извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2020 година (предлог).

2. Расправање по предлог начелно правно мислење „Во спорови за граѓанска одговорност за навреда и клевета кога е истакнатo и непарично и парично побарување, дозволеноста на ревизијата ќе се цени според вредностa на предметот на спорот за секое одделно барање, согласно член 372 став 2 од Законот за парнична постапка. (одложена од 17.05.2021 година) 

 

3. Расправа по известување по повод барање за давање на правно мислење поднесено од адвокат Ана Петровски од Скопје.

4. Расправа по реферат по писмен допис за начелно правно мислење доставен преку Судскиот совет на Република Северна Македонија, поднесен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумска полиција.

5. Давање мислење по предлог Закон за адвокатура, доставен од Министерство за правда.

6. Расправа по известување по повод барање за начелно правно мислење поднесено од Ељизабета Димитриевска од с.Старо Село, општина Јегуновце.

7. Расправа по реферат по повод поднесена иницијатива од страна на Република Северна Македонија Судски буџетски совет Скопје, по која расправал Одделот за граѓански дела.

8. Расправа по известување по повод барање за воедначување на судска пракса поднесено од Лидија Апостолова од Скопје.

9. Давање мислење по предлог Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, доставен од Министерство за правда.

По одржаната расправа, Општата седница:

 

  • По првата точка од дневниот ред ги усвои Оценките и заклучоците по извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2020 година, кои ќе бидат објавени на веб страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  • По втората точка од дневниот ред утврди начелно правно мислење кое ќе биде објавено на веб страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  • По третата и четвртата точка од дневниот ред донесе заклучок дека нема невоедначена судска пракса и нема основ Општата седница да постапува по барањето;
  • По петтата точка од дневниот ред даде позитивно мислење со забелешки по предлог законот кои ќе бидат доставени до Министерството за правда.
  • По шестата и осмата точка од дневниот ред донесе заклучок дека иницијативата се отфрла, поради тоа што не е поднесена од овластен субјект.
  • По седмата точка донесе заклучок дека не постои потреба од утврдување на начелно правно мислење по поставените прашања.
  • По деветатта точка од дневниот ред даде позитивно мислење по предлог законот.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_