Средба со aмбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со aмбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија

Новости  |  21.2.2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, заедно со судијата Мирјана Радевска Стефкова и членови на Кабинетот, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 20.02.2019 година, остварија средба со Н.Е. г-н Кристијан Тимоние, aмбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и г-ѓа Julie Maraval, аташе за соработка во Француската Амбасада и г-ѓа Alice Proy, слушател на Академијата за судии во Република Франција.

На средбата се дискутираше за неодамнешната посета на Франција, на која претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, имаше можност да присуствува на свеченост која се одржа во Францускиот Касационен суд, покрај остварената средба со претставници од Conseil D'etat. Се зборуваше и за тековните реформи во правосудниот систем на Република Северна Македонија и значајната улога на Врховниот суд на Република Северна Македонија во тој процес.

Соговорниците изразија задоволство од добрите пријателски односи и желба за остварување на идна соработка помеѓу правосудните органи на двете земји.

 

 

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_