Во Врховниот суд делегација од Мисијата на ОБСЕ во Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Во Врховниот суд делегација од Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Новости, Соопштенија за јавност  |  25.11.2022
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со Франц Петучниг од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

 

На средбата се разговараше за активностите во врска со спроведувањето на регионалниот проект кој се однесува на набљудувањето на судските процеси за случаите на организиран криминал и корупцијата во Западен Балкан.

Посебен акцент се стави на преодниот извештај со наоди и препораки кој ќе послужи како основа за идните напори при постапување со случаи на сериозен организиран криминал и корупцијата.

Во таа насока, на средбата се нагласи прашањето за ефикасноста на судските постапки, значењето на мониторингот на судските процеси, координацијата на институциите, имплементацијата на препораките, транспарентноста на правосудството, како и за потребата од засилена регионална и меѓународна соработка.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_