Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  07.4.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 07.04.2021 година (среда) одржа Општа седница на која беше предложен и прифатен следниот дневен ред:

1. Расправање по поднесената иницијатива од Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија за утврдување на начелен став во врска со начинот на постапувањето со предметите од сите области по кој судот составен од совет, по советување и гласање донел одлука, а после тоа на претседателот на советот или член на советот му престанува судската функција според член 73 од Законот за судовите или е разрешен согласно член 74 од овој Закон.

2. Давање мислење по предлог Законот за изменување и дополнување на Кривичниот Законик,  доставен од Министерство за правда.

По одржаната расправа по однос на првата точка на дневниот ред Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе одлука за изготвување на нацрт начелен став.

Општата седница по однос на втората точка од дневниот ред даде позитивно мислење за текстот на предлог Законот за изменување и дополнување на Кривичниот Законик, со забелешки кои ќе бидат доставени до Министерство за правда.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_